(ВИДЕО) Загина откако излезе од автобус во движење
Објавено во: Балкан 24 Јули, 2019
Девојка во Турција загина откако излезе од автобус во движење, по што возилото ја прегази.
Во турскиот град Гебзе се случи несреќа во која на 16 јули смртно настрада 18-годишната Гунах Асар.
Возачот ја отвори вратата, иако автобусот не застана на станицата каде патничката Гунај Асар тргна да излезе.
Девојката откако стапна на бетонот полета под тркалата на автобусот кој премина преку неа.
Возачот го запре автобусот и со патниците излезе надвор за да помогне на девојката.