(ВИДЕО+ФОТО) СУДИР НА ТАКСИСТИ И ДИЛЕРИ НА ДРОГА: „Гори“ во јужноафриканската престолнина
Објавено во: Свет 28 Август, 2019
Во Преторија, во Јужноафриканската Република при протести се запалени неколку продавници.
Локални таксисти се судрија со локални дилери. Таксистите, наводно, одлучиле да ги нападнат продавачите на „њаопа”, улична дрога во Јужноафриканската Република.
Полицијата испука гумени куршуми кон демонстрантите.Еден таксист е убиен во судирот, по што стотици таксисти со своите возила ги блокираа улиците и го запреа градскиот превоз. Полицијата повика возачите да го избегнуваат тоа подрачје.
фото ЕПА