(ВИДЕО)Пад на стопен глечер за малку не однесе жртви
Објавено во: Свет 11 Април, 2019
Огромно парче глечер се отцепи во Исланд, додека туристи разгледуваа околу. Аматерските снимки покажуваат како се урива дел од глечерот, а бран предизвикан од огромната маса на глечерот е вистинска реалност за околните туристи. Тие за среќа успеале да побегнат и да се спасат. Меѓутоа глетката е страшна.
Местото е многу популарно за туристите. Меѓутоа, поради зголемувањето на температурите, мразот станува послаб.
Ако овој тренд продолжи, глечерот ќе исчезне за 200 години.