11 Мај, 2024
0.0261

Донација на Пивара Скопје за Клиниката за гинекологија и акушерство

Вложување во подобрување на условите за нега на родилките

Објавено во: Мои пари 15 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Донација на Пивара Скопје за Клиниката за гинекологија и акушерство

Вложување во подобрување на условите за нега на родилките

Во пресрет на 17. ноември – Светскиот ден на предвремено родените деца и одбележувањето на 70 години од основањето на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Пивара Скопје обезбеди донација со која целосно го опреми одделот за перипартална интензивна нега во оваа јавна здравствена установа.

Донацијата се состои одспецијални болнички кревети со антидекубитни душеци од реномирани светски производители, постелнина и наменски медицински мебел што го сочинувааат наткасни и полици за пациентите и пулт за медицинскиот персонал. Ваквата опрема, од страна на Министерството за здравство и менаџментот на клиниката, беше посочена како неопходна за унапредување на нивото на здравствената заштита на родилките во одделот за интензивна нега.

„Нашата определба да донираме за потребите на здравството е искрена и долгорочна. Таа произлегува од желбата да издвоиме дел од компаниските приходи за активности кои се значајни за целата заедница. Особено сме среќни и задоволни кога тие средства одат во обезбедување добри услови за третман и здравствена заштита на мајките и бебињата со што придонесуваме кон обезбедување здрави поколенија и одржлива иднина за сите“, изјави Ламбро Патче, менаџер за јавни работи и комуникации во Пивара Скопје.

Со ова вложување, Пивара Скопје се приклучи кон донаторската кампања на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, што се одвива под мотото „Сите ние, пријатели на бебињата“, а која е поддржана и од Владата на Република Македонија.

„Ваквите донации се пример дека можеме заедно и државата и приватниот сектор да придонесеме кон решавање и на најгорчливите проблеми што ги мачат граѓаните. Се радувам што во нашата земја постојат позитивни примери, како денешниот со ПивараСкопје каде што можеме да видиме како општествено одговорна компанија дава директна помош за унапредување на условите во одделението за интензивна нега кадешто мајките ќе се згрижуваат откако ќе ги донесат своите новороденчиња на свет“, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е единствената универзитетска медицинска установа од ваков вид во земјата, во која се обезбедува највисок степен на здравствена заштита и се третираат најсложените случаи од областа на гинекологијата и акушерството, а паралелно на тоа се изведува образовна дејност и научно истражувачка работа. На Клиниката годишно сe извршуваат и до 6.000 породувања, како и над 50.000 специјалистички и суб-специјалистички прегледи и интервенции.

„Заради местото, улогата и големото значење на нашата клиника за здравствениот систем на Република Македонија, неопходно е таа постојано да се осовременува, да биде во тек со најсовремените медицински достигнувања и да се обезбедуваат соодветни стандарди за третман и нега на пациентите. За нивното достигнување свој придонес секако дава и Пивара Скопје, преку ваквиот вид конкретна поддршка, за што јас во името на клиниката, нејзиниот персонал и пациентите искрено им благодарам“, изјави директорката на клиниката д-рВикторија Јовановска.

Во согласност со својата трајна определба за реализација на проекти кои се од особено значење за заедницата, Пивара Скопје и во иднина ќе продолжи со вложувањата во натамошно унапредување на здравствениот систем на земјата, за што наскоро ќе биде реализиран и долгорочен проект со кој се дава дополнителна поддршка во обезбедување здрави поколенија.

За повеќе информации за оваа и останатите активности на Пивара Скопје посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните