Во овие две земји имаше пожари кои би ги засениле оние од Амазонија
Објавено во: Свет 27 Август, 2019
Во текот на два дена минатата недела во Ангола имаше трипати повеќе пожари отколку во Бразил, објави агенцијата „Блумберг“ врз основа на податоци од „Ведр Сорс“. Податоците покажуваат дека во Ангола имало 6.902 пожари, а во соседната Демократска Република Конго уште 3.395, во споредба со оние 2.127 пожари во Бразил.
Еден бразилски твитерџија го нападна францускиот претседател Емануел Макрон, кој пожарите во Амазонија ги опиша како „меѓународна криза“, обвинувајќи го дека ги игнорира пожарите во Африка. Важните информации што овие мапи на НАСА не ги покажуваат се однесуваат на тоа дали горат пасишта или шуми и колку се големи тие пожари. Набљудувачите посочуваат на слични пожари пред две години, за кои НАСА вели дека изгледаат како да се подметнати.