ВО РОК ОД ДВЕ ДЕЦЕНИИ: Оваа држава трет пат е пред банкрот
Објавено во: Економија 06 Мај, 2020
Аргентина е пред банкрот.
Mинистерoт за економија, Мартин Гусман, предложи на владата да размисли да објави дека Аргентина деветти пат банкротираше, објави Financial Times.
Тоа би било трет пат Аргентина да банкротира за последните 20 години.
Банкротот би можел да се прогласи доколку доверителите не се согласат да ги ублажат условите за исплата на аргентинскиот долг.
Владата минатиот месец им предложи на приватните доверители план за реструктуирање на долгот на земјата од 65 милијарди долари. Планот се состои од тригодишен мораториум на исплата, продолжување на роковите за отплата на долговите до 2030 година, отпишување 62 проценти од каматата (37 милијарди долари) и 5,4 проценти (3,6 милијарди долари) на главницата на долгот.
Рокот до кога двете страни треба да се договорат за отплата на долговите истекува на 8 мај.
Претходно, во 2014 година Аргентина се соочи со банкрот.