03 Мај, 2024
0.0376

ВО СРБИЈА ИМА ПРИЧИНА ЗА ЗАГРИЖЕНОСТ - два дена расте бројот на новозаразени, најмногу се млади

Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Српскиот имунологот Срѓа Јанковиќ изјави денеска дека зголемувањето на бројот на заразени со вирусот корона во таа земја во изминатите два дена е причина за загриженост, но дека ситуацијата е сеуште под контрола, и истакна дека сега е важно да се следат препораките за носење маски и дистанца, со цел тој број да не се зголемува и понатаму.

Јанковиќ истакна дека целта сега е да се намали бројот на новозаразени, затоа што, како што вели, меѓу нив секогаш има пациенти кои можат да развијат тешка клиничка слика и да завршат на респиратор.

"Скокот на бројот на заразени е секако причина за некоја загриженост, бидејќи епидемијата не е завршена. Јас не би го нарекол ова нов бран, бидејќи првиот бран сè уште не заврши, попрво би рекол дека тоа е опашката на првиот бран на епидемијата", рече Јанковиќ. .

Според него, постои потенцијал вирусот корона да се „запали“ во земјата и тој забележува дека сега е поважно од кога и да било имплементирање на препораките, пред сè носење маска и физичко растојание. Инаку, додава Јанковиќ, доколку граѓаните не се придржуваат кон мерките, може да се очекува дека ќе се вратат рестриктивните мерки, како што е забраната за собири.

Тој посочува дека самите броеви покажуваат дека вирусот корона сè уште не поминал, посочувајќи дека, дури и кога нема нови случаи во Србија, пандемијата сепак ќе трае во светот. Говорејќи за старосната структура на новозаразените, Јанковиќ вели дека младите се заразиле бидејќи се повеќе изложени. Кога станува збор за развој на тешка клиничка слика и морталитет, постојат, според него, чувствителни стари лица, но и млади луѓе со придружни заболувања.

Запрашан за вториот бран, за кој се проценува дека се очекува во есента, Јанковиќ смета дека вирусот може да се намали на неколку мали бранови, кои полесно ќе се контролираат, преку брзо откривање и изолација на заразените, како и селективно воведување на рестриктивни мерки. Тој верува дека нема да има потреба да се „заклучи“ целата земја, иако таа стратегија, како што вели, одигра важна улога и спаси голем број животи во првиот бран.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот