Во време на пандемија се случува „бејби бум“ во Србија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 07 Декември, 2020
„Бејби бум“ се случува во Србија, на девет месеци од почетокот на пандемијата.
Во Србија е регистрирано рекордно висок број на породувања во однос на последните 20 години. Ова го кажа директорот на најголемото породилиште во Белград, д-р Жељко Миковиќ за државната телевизија РТС.
„Ова утро во нашата болница се роди 7.245-то бебе, а до крајот на годината очекуваме вкупно 7.700 новороденчиња. Тоа е најголем број на новородени за изминативе 20 години“, изјави тој.
На клиниката има посебно одделние за жени заразени со коронавирус и досега во тој оддел имало 91 пораѓања. Сите деца се родени здрави.
„Обезбедени се санитарни услови, имаме доволно персонал и сите можат да се чувствуваат безбедно“, објасни Миковиќ.
Рече дека мајките можат слободно да ги дојат своите бебиња, бидејќи вирусот не се пренесува преку мајчиното млеко.
Претходно, беше посочувано дека Србија има многу низок наталитет, и дека во иднина ќе изгуби територија како Косово затоа што многу села ќе бидат празни.