08 Мај, 2024
0.0270

ВТОРА ДЕБАТА ВО САД: Закани за „фрлање во затвор“ и турбулентна агресивност на Трамп

Објавено во: Свет 10 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп ја сведе декадентната кампања до еден мотив за време на претседателската дебата вечерта во неделата : омраза кон Хилари и Бил Клинтон, пишува The New York Times во анализа за дебатата.

Покрај множеството републиканци кои сигнализираат дека собираат храброст да се откажат од него, Трамп вложи сериозни напори да ја демонизира Хилари Клинтон - обвинувајќи ја дури за сопственото неплаќање на даноци, и да потсети на основните поддржувачи дека тој самиот е единствената пречка меѓу неа и претседателската функција.

Во еден момент Трамп дури и плесна во лице на поранешниот државен секретар, дека ако таа останела на чело, ќе била во затвор.

Кога Клинтон го предизвика Трамп поради неуспехот да се извини на малцинствата, емигрантите и жените кои ги навреди, тој одговори со ветување за одмазда. Ако тој победи на изборите,Трамп вети дека ќе испрати специјален обвинител по неа.

Клинтон беше под истрага, а ФБИ ја ослободи. Но всушност тоа не е најважно, бидејќи во САД, а и во која и да е друга уставна демократија, владата не избира специјални обвинители кои ќе ги вознемируваат граѓаните кои и припаѓаат на политичката опозиција. А претседателот на САД сигурно не избира кој ќе биде подложен на проверка од обвинителството.

Намуртен, Трамп ја обиколуваше Клинтон, додека таа уште еднаш покажа дека е единствениот зрел на сцената, единствениот кој бара начин да ги убеди повеќето Американци дека ги споделува нивните вредности и аспирации. За разлика од неа, Трамп повторно искористи трикови научени во текот на годините на рингот на професионалните борби и риалити телевизијата што само покажа колку длабоко е загнезден во него цинизмот.

За време на дебатата Трамп повторно се обиде доследно да ја објасни својата политика, кога наместо тоа негодуваше , ја обвини за што ли не Клинтон, вклучувајќи дека таа, а не тој, е одговорна за лагата околу местото на раѓање на претседателот Обама. Тој се пожали дека модераторите го напаѓаат него.

Трамп најверојатно се претстави доволно добро за да ја замолчи 11-часовната тивка кампања меѓу републиканците за смената со друг кандидат. Тоа значи дека републиканската партија ќе продолжи да бара од Американците да гласаат за кандидат кој ја понижува и омаловажува политиката на САД. 

Клинтон нанесе сериозен удар врз Трамп со неговите сексистички коментари, неговото одбивање да поднесе даночна пријава, неверноста на мноштвото негови тврдења и обвинувања, неговиот предлог да ја забрани муслиманската имиграција и блискост со рускиот претседател Владимир Путин, пишува колумнистот И. Џ. Дион за The Washington Post.

Клинтон сепак остана мирна и уверена а нејзџиното однесување ја одразуваат реалноста на дебатата: неточните и често лошо информирани одговори на Трамп, како и турбулентната агресивност кои ќе му одиграат лоша шега меѓу гласачите кои имаат свои сомнежи дали темпераментот му е погоден за претседател.

Клинтон знаеше дека не треба да вложува големи напори за да ги искористи проблемите кои предизвика последното видео со сексистички коментари на Трамп. Таа рече дека тоа не треба да се гледа како единствен случај, а како дел од модел на сексистички и навредливи коментари за жените. "Тоа претставува точно кој е тој", рече таа, покажувајќи уште еднаш дека Трамп не е погоден за претседател.

Агресијата на Трамп сепак му даде поголема контрола над втората дебата отколку во првата, а нападите му се токму она што неговите главни поддржувачи го сакаат во него. До крајот тој не се обиде да ја направи дебатата навистина конкурентна, да ги смири републиканците кои размислуваат да се откажат од него, но направи доволно за да ја добие уште еднаш силната поддршка на најсилните поддржувачи. Тие ќе останат армија на отпорот за обидите за негово отповикување внатре во Републиканската партија.

И покрај заканите на Трамп за затвор на Клинтон, двајцата кандидати одржаа релативно нормална дебата во последните 60 минути, пишува колумнистот Џонатан Браншар за BloombergView. 

„Нормално" според стандардите на Трамп, се разбира. Како и обично, тој не покажа никакви знаци дека знае нешто за политиката или за тоа како владата работи. И како и обично направи толку многу фактички погрешни тврдења што беше невозможно да се следат сите.

Трамп изгледаше подобро подготвен отколку за првата дебата - или барем од гледна точка на подготвеност да дава одговори и да ја напаѓа Клинтон во секоја прилика. Тој ги нападна и модераторите, стратегија која често се покажува како успешна меѓу примарните републикански избори, каде целната публика се најмногу фанатичните републиканци. Стратегијата најверојатно ја освоила поддршката на истите тие републиканци и во неделата вечер.

А Хилари Клинтон? Таа се претстави добро, иако не беше во најдобра форма, но вистината е дека оваа дебата не беше за неа. Таа знае добро дека треба да одговара директно на човекот во салата, кој поставува прашања, и дека кога побараат од неа да го пофали својот противник, најлесниот начин е да ги пофали неговите деца. Клинтон не направи ништо за да ги исплаши своите поддржувачи, разумна стратегија за кандидат кој има добра предност и безумен противник.

На крајот она што навистина имаше значење во оваа дебата беше дека номинираниот на една од двете главни партии изјави дека сака да ги искористи своите овластувања како претседател, за да ги фрли во затвор политичките противници. А во тоа нема ништо нормално.

Можеби ќе ве интересира

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?