02 Мај, 2024
0.0295

Вучиќ ја зацементира власта по изборите во Србија: Следна цел е да се мериме со најразвиените во светот

Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Српската напредна партија на Александар Вучиќ синоќа освои повеќе од 60 проценти од гласовите на парламентарните, регионалните и локални избори во Србија без реално учество на опозицијата. 

Врз основа на индикаторите на набљудувачите, коалицијата на Вучиќ „За нашите деца“ ќе има 189 пратеници, од можни 240, а коалициониот партнер СПС-ЈС на Ивица Дачиќ и Драган Марковиќ Палма има 32 пратеници. 

Единствен кој го пројде потребниот цензус, а при тоа не е владеачка партија, односно коалиција, е Победа за Србија на Александар Шапиќ со 12 пратеници, како и партиите на националните малцинства кои ќе имаат свои претставници во републичкиот парламент.  Сепак, дури и Шапиќ пред новинарите синоќа рече дека е подготвен да коалицира со некоја од партиите во парламентот.

Лидерот на СНС, Александар Вушиќ, во своето прво обраќање рече дека СНС постигнала апсолутно рекорден резултат , но и дека добиле предупредување од луѓето дека мора да бидат уште поодговорни и вредни. 

- Рековме дека просечните плати до 2025 ќе бидат 950 евра. Сега имаме уште една цел - да ја изградиме Србија и да се мериме со најразвиениет земји во светот, рече Вучиќ во своето обраќање по победата.

Во Србија во неделата се одржаа редовни парламентарни, покраински и локални избори, во околности на епидемијата на вирусот корона, која сè уште трае. Опозицијата искоментира дека пораз за Вучиќ е тоа што на гласање излезгле помалку од 50 проценти од гласачкото тело на Србија.

„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани на Србија, кои и покрај лошите временски услови, сите закани, постојаните обиди на многумина да ги заплашат со коронавирусот, излегоа да гласаат. Благодарен сум што мислат дека иднината на Србија е поважна, ќе се погрижиме за нашето здравје и ќе се подготвиме за тешка есен “, рече, меѓу другото, Вучиќ.



Можеби ќе ве интересира

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф