Вучиќ: Загрижен сум за изјавата на Палмер дека САД може да ни воведе санкции
Објавено во: Балкан 03 Ноември, 2019
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е загрижен за можните санкции од САД кои ги спомена Метју Палмер, специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан. Тој во петокот рече дека Србија ризикува да и бидат воведени санкции од страна на САД за набавка на руска воена опрема.
„Не го добивме С 400, а за сите останати, сите тие знаат долго време и мислам дека не претставува никаков проблем. Ние се грижиме, се разбира, затоа што не би сакал никој во Србија да биде изложен на кој било начин на санкциите наметнати од страна на најсилната светска сила. Без оглед на тоа дека тие би биле тотално неоправдани и неправедни“, рече српскиот претседател.
Тој додаде дека Палмер од Србија побарал да ја повлече кампањата со која бара од повеќе земји од светот да се предомислат и да ја повлечат одлуката за признавањето на независноста на Косово.
„Бев изненаден од фактот дека Палмер зборува за агресивната кампања на Србија за повлекување на признавањето на независноста на Косово и ние немаме договор за лобирањето, ниту пак сме потпишавме таков со некоја земја. , но Албанците никогаш не сакаа да зборуваат за тоа да ги прекинеме кампањите за признавање и одпризнавање, затоа што според нив, секоја приказна за крајот на кампањата за признавање би значела дека тие признаваат дека не се држава, но за мене е неверојатно што и Палмер и Албанците мислат дека само тие имаат свои интереси и дека Србите ги немаат “, рече претседателот на Србија.