08 Мај, 2024
0.0247

За што Иран го опомена Трамп?

Објавено во: Свет 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Иранскиот претседател, Хасан Рохани денеска ги предупреди САД дека ќе се соочат со „тешки“ последици доколку решат да се повлечат од нуклеарниот договор на Техеран и светските сили од 2015 година. 

Рохани ова го кажа во обраќањето до приврзаниците во градот Табриза, кое го пренесуваше државната телевизија.

Тој вели дека иранскиот народ и Владата „силно ќе се спротивстават“ на сите заговори на тие што седат во Белата куќа, без да изнесе детали, освен дека Техеран ќе се придржува кон своите обврски.

Рохани и порано изјави дека САД „ќе зажалат ако го прекршат иранскиот нуклеарен договор“ и дека „ќе го видат одговорот на Техеран за помалку од една недела“.

Американскиот претседател Доналд Трамп не го потврди нуклеарниот договор со Иран во јануари туку го одреди 12 мај како нов рок за продолжување на отстапките. Тој кажа дека тогаш ќе излезе од договорот ако европските земји не им се придружат на САД во решавањето на проблемите за кои тврди дека се фатални недостатоци на тој договор.

„Луѓето ги знаат моите ставови во врска со договорот со Иран. Тоа беше ужасен договор, кој никогаш не требаше да се направи“ - изјави Трамп. 

Тој вели дека договорот е „луд“ и „смешен“.

Нуклеарниот договор е склучен во јули 2015 година меѓу Иран и Групата шест (Германија, Кина, САД, Франција, Велика Британија и Русија). Со договорот се ограничува иранското збогатување и складирање на материјали што може да бидат користени за правење нуклеарно оружје. На Техеран пак му се укинати многу санкции на меѓународната трговија, во нафтениот и банкарскиот сектор. 

Можеби ќе ве интересира

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ТИКТОК РЕШИ ДА И ВРАТИ НА АМЕРИКА! Ја тужат власта: ова е неуставно, невидено!

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

ДАЛИ Е ДОЗВОЛНО ДА РАБОТИТЕ ДВЕ РАБОТИ ВО ГЕРМАНИЈА: еве какви се правилата

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

САМО ОД КАРТИ ЗАРАБОТИЛЕ РЕЧИСИ МИЛИОН ЕВРА! Ги надмина сите очекувања! Сегашната цена на билетот ќе важи до јули

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

ПОРАДИ ПАД НА ПОБАРУВАЧКАТА, НО И БРОЈНИ ТУЖБИ - АстраЗенека ја повлекува вакцината против Ковид-19

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

НОВА ДРАМА СО БОИНГ ВО ИСТАНБУЛ! Морничаво видео се споделува на мрежите - авионот удри во пистата со предниот дел!

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

УКРАИНА: Скоро половина од севернокорејските ракети лансирани од Русија експлодираа во воздух

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ГЛАСАЊЕ СО МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ: Ова ќе го дозволи европска земја

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА И КОИ СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА: Што е ново во ветената земја?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?

ЕВРОПЈАНИТЕ ПИЈАТ ПОМАЛКУ АЛКОХОЛ ОД ПОРАНО: Koи нации предничат?