01 Мај, 2024
0.0366

Заев има план Б ако деновиве Иванов не го исполни план А

Објавено во: Македонија 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Опозицискиот лидер очекува политичката ситуација да заврши со план А, односно шефот на државата да се предомисли и да му го додели мандатот за состав на новиот владин кабинет.

Заев во емисијата  „Патот кон“ на Алсат-М изјави дека има план Б, во случај ако претседателот на државава, Ѓорѓе Иванов не му го додели мандатот, но и дека се надева дека тој нема да се реализира.

„Планот А е да биде доделен мандатот од Иванов. Во планот А е и конституирање на Собранието и избор на Претседател на Парламентот. Јас се надевам дека нема да дојде до план Б, туку ќе се реализира план А. Ќе се обидеме деновиве да постигнеме договор за претседател на Собранието. Да биде функционален и ќе се обидеме со тој чекор“, рече Заев.

За предлогот да се спроведат нови предвремени парламентарни избори, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ вели дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа, а тој пак ќе застане пред Иванов да го бара мандатот.

„И да одиме на избори јас верувам дека ќе бидам исправен пак пред Иванов со повеќе од 70 потписи. Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа“, вели Заев.
Сепак, според него, изборите не се решение за излез од кризата, туку да му се даде шанса да формира влада.

За тоа дека ветил промена на Уставот, Заев смета дека не е потребна негова промена за некој да добие права.

„Нашиот Устав е доволно европски и либерален, тоа се овозможува преку закони и мерки да бидат унапредени одредени права“, изјави Заев.

Можеби ќе ве интересира

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид