ЗАГАДЕНОСТ НА ВОЗДУХОТ: Скопје утрово се гуши
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2017
Mерните станици на квалитетот на воздухот на Министерство за животна средина и просторно планирање утрово во 7 часот покажаа висока загаденост на воздухот во скопските општини.
Во Центар, Карпош, Лисиче и Гази Баба концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички е на високо ниво, додека во Центар, уште помалите честички ПМ 2,5 е на многу високо ниво.
Од 20 ноември секој ден загадувањето е во пораст.
Синоќа и во Куманово загаденоста беше 6 пати над дозволеното.