Загрижувачка е оценката на ММФ за тоа кога кризата со коронавирусот ќе заврши
Објавено во: Економија, Корона Вирус 10 Септември, 2020
Загрижувачка е оценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за тоа кога кризата со коронавирусот ќе заврши.
Оттаму велат дека кризата со коронавирусот сѐ уште не е готова и дека е потребна мултилатерална соработка за да се обезбедат доволни резерви на вакцината, кога таа ќе биде произведена.
„Заздравувањето е и понатаму кревко и различно по региони и сектори. За да се обезбеди продолжување на опоравувањето, од клучно значење е таквата поддршка да не биде прерано сопрена“, вели Кристалина Георгиева од ММФ.
ММФ обезбеди итно финансирање за 75 земји, меѓу кои 47 држави со ниски приходи и најави дека е спремен да обезбеди поддршка за поширок спектар на земји со среден приход.
Ова го бараат од Светската здравствена организација.
Директорот Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика државите да обезбедат пари за забрзување на производството на средства кои би можеле да помогнат во запирање на пандемијата.