ЗАРОБЕНИ СЕ ЧЕТИРИ ЛУЃЕ: Пирати нападнаа грчки танкер
Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2019
Пирати нападнале грчки танкер и грабнале четворица членови на екипажот.
Инцидентот се случил крај брегот на Того, каде пирати нападнале грчки танкер со нафта и грабнале четворица членови на екипажот. Ова го соопшти западноафриканската морнарица. Пиратите, во раните утрински часови, упаднале во танкерот и како заложници земале четворица морнари. Меѓу киднапираните морепловци се двајца Филипинци, еден Грк и еден Грузиец.
„Вооружени лица го нападнаа танкерот Елка Аристотел на 18 милји од пристаништето Ломе во понеделникот наутро“, соопшти морнарицата.
Обезбедувањето на бродот се спротивставило на пиратите, а еден од нив е повреден.
Но, ова не е единствен инцидент.
Група пирати киднапирале 9 членови на екипажот на норвешката компанија „Ј.Ј. Угланд“ крај брегот на Бенин во Западна Африка, соопшти компанијата.