Зегин остварил милионски приходи, но има најслаб профит во 2019
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2020
65,65
милиони евра изнесува ланскиот приход на веледрогеријата Зегин, која се уште важи за убедливо најуспешна компанија во секторот-трговија со лекови, но според профитот, кој изнесува само 32.000 евра Зегин е на последно место во конкуренција со уште 9 други веледрогерии. Зегин ДОО е во сопственост на Зегин
ДОО и на Ливиа доо. Зегин ДОО од раслоложливите податоци е компанија во која
удели поседуваат Благоја Механџиски – Зегин и германскиот државјанин Васко
Иванов, управител на друштвото.