25 Ноември, 2024
0.0642

Кои се господарите на трговијата со лекови?

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Десет веледрогерии лани направиле приходи поголеми од 10 милиони евра. Најголемата профитна маргина „допре“ 7 отсто од приходите, а најголемиот износ на добивка лани е 1,3 милиони евра. Од овие друштва седум се домашно поседувани и од нив шест се од Скопје и едно е од Битола.

Фармацијата е еден од најважните бизниси во светски рамки. Големите меѓународни корпорациии кои произведуваат медикаменти секогаш се во листингот на сите берзнаски индекси и воедно во порфолијата на сите големи, а и мали инвеститори. Но има и друг вносен бизнис кога се во прашање фармацевските производи. Тоа е трговијата на големо со фармацевтски производи , а компаниите кои го работат овој бизнис популарно ги нарекуваме веледрогерии.

Кои се најголемите компании кои тргуваат на големо со фармацевтски производи? Ги има десетина кои лани оствариле приходи повисоки од 10 милиони евра. Најмалиот меѓу нив (според остварените приходи н.з.) генерирал од продажбата 15,3 милиони евра. Меѓу десетте најголеми веледрогерии дури седум се домашно поседувани компании.

Веледрогеријата Зегин е веројатно првиот бренд кога ќе помислите на трговија со лекови без разлика дали е тоа на големо или на мало во аптека. Зегин ДОО лани е убедливо најголема веледрогерија во земјава од аспект на остварени приходи од продажба на фармацевтски производи. Нивниот приход изнесува 65,65 милиони евра и на исто ниво како и во претходната година. Профитот изнесува само 32.000 евра и по тој параметар нашата најголема веледрогерија има убедливо најслаб резултат во конкуренцијата и покрај тоа што нивниот профит е за 10 отсто повисок од 2018 година. Зегин ДОО е во сопственост на Зегин ДОО и на Ливиа доо. Зегин ДОО од раслоложливите податоци е компанија во која удели поседуваат Благоја Механџиски – Зегин и германскиот државјанин Васко Иванов, управител на друштвото.

Македонијалек е втора најголема според остварениот промет и истовремено најуспешна веледрогерија од аспект на остварената добивка. Друштвото чии сопственици се Драган Момчиловиќ и Ана Димитровска лани оствари приход од 51 милиони евра што е за 13 отсто подобар резултат от 2018 година и профит од 1,3 милиони евра што е за 10 отсто подобар резултат од претходната година.

На трето место е Феникс фарма македонска испостава на ФЕНИКС ПИБ од Австрија. Ова друштво лани на нашиот пазар продало медикаменти вредни 42,2 милиони евра што е раст за 12 отсто и остварило профит од 55.000 евра што е за две третини полошо од 2018 година.

Во големата петорска се уште Еурфарм и Еуролек. Еурофарм е уникатна компанија по два параметри. Таа е единствена битолска компанија што им конкурира на другите девет чии седишта се во Скопје. И второ, ова е единствена фирма чиј сопственик е жена. Станува збор за Татјана Стерјева. Нејзината веледрогерија лани остварила приход од 37,3 милиони евра што е за 14 отсто подобро од претходната година. Профитот изнесува 856.000 евра и е за една третина помал од претходната година.

Еуролек лани остварил приход од 24,3 милиони евра што е зголемување за 12 отсто од 2018 година. Профитот на друштвото е 895.000 евра што е за 7 отсто подобар резултат.

Подружницата на словенечкиот производител „Крка“ Крка Фарм лани генерирал 22,2 милиони евра од продажба на фармацевтски производи. Нивната добивка е 643.000 евра и е за 22 отсто подобра од претходната година.

Веледрогеријата на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ Алкалоид Конс лани остварила приход од 22 милиони евра што е раст за 24 отсто во споредба со претходната година. Добивката е речиси половина милион евра и во споредба со 2018 година бележи раст од 17 отсто.

Скопска Промедика лани остварила приход од 19,4 милиони евра и добивка од 346.000 евра. Фирмата на Ристо Лузевски лани има најголем процентуален раст на профитот и тој изнесува 120 отсто.

Др Пановски е најпрофитабилната веледрогерија од аспект на профит/приходи. Лани ова друштво остварило приходи од 17,4 милиони евра што е за 34 отсто подобро од 2018 година. Профитот е 1,2 милиони евра. Профитната маргина е 7 отсто.

Подружницата на Новартис Фарма - Лек Скопје лани имала приход од 15,3 милиони евра (како и претходната година), а профитот паднал за 63 отсто и изнесува 303.000 евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И МЕДИУМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите