07 Мај, 2024
0.0410

Можен ли е раскол во „Топлификација“?

Клучен катализатор на идните настани настани е пресудата со која „Топлификација“ може да го блокира Те-То и да го наплати своето побарување. Заради тоа е од клучно значење кој ги држи уздите во скопска „Топлификација“

Објавено во: Економија 27 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Дали скопска „Топлификација“ е на мета за превземање или за промена на раководната структура? Ова е прашање што си го поставуваат многумина инвеститори особено заради тоа што цената на акцијата, за што веќе пишувавме, порасна за повеќе од 30 отсто за краток период што предизвика многу љуботиност и шпекулации на македонскиот пазар за капитал.

Заради тоа што можно е „Топлификација“ да стане жешка тема на Македонската берза, во оваа констелација на односите и состојбите меѓу акционерите и во перспектива на претстојното собрание на акционери, „Фактор,мк“ за своите читатели ќе се обиде да ги најде клучните причини заради кои е можно да цената на „Топлификација“ да порасне или компанијата да излезе од сенката на долгогодишниот прв човек Димитар Хаџи-Мишев. 

Според достапните информации , кои се неофицијални, во структурата на акционери сега има превирања пред претстојното собрание. Неофицијално веќе има три групации во структурата на „Топлификација“. Според некои упатени извори токму заради тоа што нема договор меѓу акционерските групи не успеа јулкото акционерско собрание во компанијата. Првата група акционери е собрана околу Димитар Хаџи-Мишев, долгогодишен прв човек на таа компанија. Втората е групата што се формира околу најголемиот поединечен акционер – оф-шор компанијата „Битар холдинг“ која е единствен сопственик на „БЕГ’ фирмата што ги има под закуп постројките за производство на топлина на „Топлификација“ и која го снабдува Скопје со топлинска енергија. „БЕГ“ во оваа ситуација е најсериозниот кандидат за да го превземе управувањето врз „Топлификација“ заради тоа што превзеде голем број од вработените на „Топлификација“ кои се акционери во оваа компанија. 

Сепак не смее да се исклучи можноста да се влијае врз нив од страна на менаџментот и актуелното вработување да се користи за убедување за давање на гласот на претстојното собрание. Третата група се претежно надворешни лица купувачи и сопственици на акции кои настапуваат преку свои адвокати или полномошници. Според некои познавачи оваа група иако е најмала може да има големо влијае врз расположението на акционерите во „Топлификација“ заради тоа што може да биде „јазичето на вагата“ кога ќе се носат одлуките. Нејзина единствена мотивација за врзување со една од двете страни е да „лапа мрсна дивиденда“ и да добие цврсти гаранции за тоа. 

Наплатата на долгот од Те-То може да ја вивне цената на акцијата на „Топлификација“

Клучен катализатор на случувањата во „Топлификација“ може да биде идната наплата на побарувањето што „Топлификација“ го има од Те-То. Проценката е дека вредноста на ова побарување е околу една милијарда денари. Многу е важно во ситуацијата тоа што е многу извесно дека „Топлификација“ за многу кратко време има големи и реални шанси да добие правосилна пресуда во своја корист. СУштината е дека со таа пресуда може да го блокира и работењето на Те-То до исплата на сумата и тоа да се случи сега или во екот на грејната сезона. Ако се случи во ек на грејната сезона тоа е во „висока сезона“ за Те-То односно периодот кога компанијата работи произведувајќи топлина и струја. Значи ќе се доведат во ситуација работата на Те-То да зависи од волјата на тие што ја управуваат „Топлификација“. А тоа не е мала работа затоа што Те-То за пет месеци прави приход од околу 15 милиони евра и тоа во најпесимистички услови. Правосилна пресуда во корист на „Топлификација“ ќе одлучува за судбината на Те-то кој години наназад зависи од милоста на своите акционери. Токму заради тоа е многу важно кој ги држи уздите во скопска „Топлификација“.

А од друга страна ако „Топлификација“ се откачи од баластот на кредитот преку негово покривање со наплата на побарувањето од Те-То тогаш сигурно значително ќе се подобри положбата во компанијата, а и нејзината финансиска позиција. Тоа ќе влијае и врз цената на акцијата на македонскиот пазар. Затоа што ќе разбуди очекувања за исплата на солидна дивиденда.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката