07 Мај, 2024
0.0944

Како „Халк банка“ влезе во големата банкарска петорка?

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

 Како „Халк банка“ влезе во големата банкарска петорка?

Силен раст на кредитните пласмани за 13,5 отсто, нето приходи од камати од 20,5 милиони евра, добивка од 7,6 милиони евра и ниво на пари и еквиваленти од 110 милиони евра се клучните факти со кои „Халк банка“ се наметнува на македонскиот пазар. Ќе внесе ли оваа банка толку очекувана конкурентност меѓу големите банки?

Халк банка лани значајно го зголеми своето пазарно учество лани на македонскиот пазар по многу параметри покажуваат сите параметри од финансиските извештаи што ги објави банката на сајтот на Македонската берза за хартии од вредност. 

Од извештајот може да се види дека нето приходите од камати пораснале за 197,8 милиони денари до износ од 1,26 милијарди денари односно 20,5 милиони евра, добивката достигнала до речиси 8 милиони евра, а банката, која лани ја прошири групата најголеми банки во која влезе како петта најголема деловна банка, го зголеми своето кредитно портфолио за 13,5 отсто.

Нето приходите од камати пораснале за 15,6 отсто!

Резултатот за 2016 година покажува дека нето приходите од камати пораснале за 15,6 отсто до ниво од 1,266 милијарди денари и тие се над 75 отсто од сите приходи од камати кои банката ги оствари лани. Приходот од камати лани е на ниво од 1,67 милијарди денари и е за 147,5 милиони денари повисок од оствареното во 2015 година. Расходот за камати лани е намален за 11 отсто до износ од 403,6 милиони денари. Значаен раст банката има и кај нето приходите од провизии и надоместоци. Тие лани изнесуваат 230,9 милиони денари и се за 32,7 милиони денари повисоки од реализацијата во 2015 година. Ова е раст за 16,5 отсто и покажува значаен продор на пазарот во споредба со големата конкуренција. Нето добивката на банката е зголемена за 100 милиони денари во споредба со 2015 година и изнесува 471,4 милиони денари односно 7,6 милиони евра или 1.493 денари по акција.  

„Халк банка“ агресивно продре на кредитиниот пазар

Податоците покажуваат дека нивото на кредитирање лани пораснало за 2,78 милијарди денари до 23,4 милијарди денари. Тоа е зголемување на кредитните пласмани за 13,5 отсто во однос на 2015 година. Во исто време депозитите на банката пораснале за 3,66 милијарди денари односно за 59,3 милиони евра што е зголемување за речиси 20 отсто во споредба со 2015 година.  


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката