06 Мај, 2024
0.0230

Како приходот на скопска Пивара надмина 60 милиони евра?

Објавено во: Економија 13 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

13,1 милиони евра изнесува добивката која Скопска Пивара ја прокнижи лани а таа добивка е повисока за 2,3 милиони евра ако се спореди со 2016та.

61,8 милиони евра пак изнесуваат приходите кои Пивара Скопје ги остварила лани и тие приходи се поголеми за 4,2 милиони евра од 2016та.

Ова се податоци од независната ревизија објавен на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Извештајот покажува дека бруто добивката на компанијата лани изнесува 30,4 милиони евра и книжи раст за 1,3 милиони евра во однос на 2016 година. Најголема расходн ставка се трошоците за маркетинг и продажба. Лани тие изнесуваа безмалку 10 милиони евра, а пораснале за 0,5 милиони евра во однос на 2016 година. Административните трошоци на најголемата пиварница во земјава лани биле 4,15 милиони евра и се пониски за 440.000 евра во однос на 2016 година.

Нето добивката на Скопска пивара е 13,1 милиони евра и таа лани во споредба со 2016 година пораснала за 2,3 милиони евра. Лани друштвото исплати дивиденда од 12,3 милиони евра за успешното работење во 2016 година.

На македонскиот пазар најголем конкурент на Пивара Скопје е Прилепската пиварница која бележи континуиран раст на приходите, но е значајно помал производител од Пивара Скопје. Лани прилепската компанија остварила приход од 28,7 милиони евра и тоа е речиси на половина од приходот од продажба на Пивара Скопје. Нето добивката на Прилепска пиварница лани била 2,9 милиони евра.


Р. Ф. 


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години