27 Април, 2024
0.0283

Модерни и практични паметни телефони со напредна камера која воодушевува!

Самсунг ги претстави Галакси А6 и А6+ со напредна камера, елегантен дизајн и дополнителни карактеристики за секојдневно користење

Објавено во: Мои пари 02 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Компанијата Самсунг Електорникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) денес ги претстави Галакси А6(Galaxy A6) и Галакси А6+ (Galaxy A6+)- паметни телефони кои ги комбинираат секојдневната практичност и модерниот дизајн со напредна камера за поперсонализиран начин на изразување.

Со моќна предна и задна камера, врвен елегантен дизајн и заштитниот знак на Самсунг – бесконечниот (Infinity)екран, новата Галакси А серија е достапна во 3 бои – црна, златна и боја на лаванда.[1]

"Во Самсунг посветено работиме да им овозможиме на нашите корисници да ги искусат најдобрите паметни телефони, истовремено исполнувајќи ги нивните практични потреби. Новите Галакси А6 и А6+ се темелат на наследството на Самсунг паметните телефони, комбинирајќи ја секојдневната практичност со импресивна камера која на корисниците им овозможува снимање, адаптирање и споделување на миговите на начин на кој им дозволува уникатно да се изразат себеси." – изјави Јунхо Парк (Junho Park), Потпретседател на Сектор за Глобално Планирање на Продукти, Оддел за Мобилна Комуникација, компанија Самсунг Електроникс.

Со моќната предна и задна камера на Галакси А6 и А6+, креирањето на прекрасни фотографии или “селфи“, во било кој момент, никогаш не било поедноставно. Со прилагодливиот преден ЛЕД блиц, корисниците на Галакси А6 и Галакси А6+ можат, преку ден и навечер, да креираат неверојатни “селфи“ фотографии. Со помош на објективот со мал отвор на блендата на задната камера, може да се креираат јасни и остри фотографии при услови на слабо осветлување, притоа без да се жртвува квалитетот на сликата, без разлика на тоа во кој период од денот е фотографирана.

Двојната камера на Галакси А6+[2]може дополнително да допринесе за подобра фотографија од миговите кои се важни со помош на функцијата “Live Focus“. Со оваа функција корисниците може да ја контролираат длабочината на полето и “бокех“ (bokeh) ефектот пред или во текот на снимањето. Корисниците може да ја збогатат својата слика со уникатните замагледни позадински шаблони, со помош на различни форми и облици, меѓу кои и срце, ѕвезда и уште многу други.

Корисниците може да доживеат збогатено звучно сараунд искуство додека уживаат во гледањето на филмови, слушањето музика и следењето на различни содржини преку звучниците кои се поддржани од Долби Атмос (Dolby Atmos) оптимизираниот аудио систем[3]. Галакси А6 и А6+ овозможуваат широк спектар звуци, од високи до ниски тонови, со исклучителна јасност на звукот и вистински, реални детали за уште помоќно и подобро звучно искуство. Корисниците може да одберат вклучување на Долби Атмос ефектот за да го претворат своето аудио искуство во звук кој лебди околу нив и воодушевува.

Галакси А6 и А6+ исто така поставуваат стандард и за врвно непрекинато доживување во гледањето на содржини на бесконечниот екран со приказ во импресивен сооднос[4]од 18.5:9[5]. Неговиот нежен, заоблен и метален дизајн е креиран со цел да овозможи подобрена издржливост и удобно држење за максимална искористеност, притоа, без компромиси во неговиот изглед.

Дизајнирани за практична и секојдневна употреба, Галакси А6 и А6+ интегрираат неколку популарни карактеристики од водечките Самсунг телефони, вклучувајќи безбедност без никакви пречки, со помош на препознавањето на лице и скенирањето на отпечатокот на прстот за брз и едноставен начин на отклучување на уредот.

Двата уреда овозможуваат брзо и едноставно извршување на повеќе задачи истовремено со “App Pair“, користејќи ги во потполност големите ергономски екрани на телефоните Галакси А6 и А6+. На овој начин на корисниците им е олеснето управувањето со две апликации паралелно, преполовувајќи го потребното времето и зголемувајќи го уживањето. Со функцијата “Always on Display[6]корисниците може да добијат информации на прв поглед, без отклучување на телефонот, со што се допринесува за заштедување на време и издржливост на батеријата.

Исто така, Галакси А6 и А6+ ги поддржуваат и функциите “Bixby Vision“, “Home“и“Reminder“. “Bixby може да им помогне на корисниците во низа секојдневни задачи, правејќи ги Галакси А6 и А6+ уште попаметни и попрактични. Со вклучување на “Samsung Pay[7], корисниците секогаш ќе имаат паричник со себе. Поддржувајќи и “Near Field Communication“ (NFC), Галакси А6 и А6+ може да се користат виртуелно насекаде каде може да се користи кредитна или дебитна каричка. Секоја трансакција преку “Samsung Pay“ е сигурна и многу едноставна.

Новите Самсунг Галакси А6 и А6+ ќе бидат достапни започнувајќи од мај, 2018 година на дел од европскиот, азискиот и латиноамериканскиот пазар, пред истите глобално да се појават и на дополнителните пазари ширум Јужна Кореа, Африка и Кина.



[1]Боите во кои се достапни уредитеможе да варираат во зависност од регионот и /или достапноста кај продажните партнери на Самсунг

[2]Карактеристика достапна само на Галакси А6+

[3]Долби Атмос аудио е поддржано само преку употреба на слушалки

[4]Екранот е мерен дијагонално, како полн правоаголник, без притоа во измереното да се вклучат заоблените рабови на А6+

[5] Карактеристика достапна исклучиво на Галакси A6+

[6]Достапноста на услугата може да варира во зависност од земјата





Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“