Реџепи најави дека од Алијансата за Албанците и Алтернатива нема да присуствуваат на гласањето за спикер
Објавено во: Македонија 21 Август, 2020
Албанската опозиција нема да присуствува на гласањето за спикер на Собранието.
Пратеникот Скендер Реџепи од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива вели дека не сакаат да бидат дел од срамот.
„Прв пат во историјата Албанците го кренаа совјот глас за неправдите кои ги нанесува Демократската унија за интеграција. Тие им ја убија надежта на сите млади да живеат тука, им ја украдоа демократијата и го стимулираат отселувањето. Затоа сега кога зборуваме за кандидат за претседател на Собранието, не можеме да зборуваме за патриотизам“, рече Реџепи.
Тој изјави дека немаат ништо лично против Талат Џафери, но нема да учествуваат за време на гласањето и обвини дека ДУИ на последните парламентарни избори гласовите ги добила со поткуп.
Собранието е на пауза, а во 16 часот треба да продолжи конститутивната седница.