Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2024
Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето, како и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донесе избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија.
Од Групација на осигурувањето при Комората сметаат дека Агенцијата за супервизија на осигурувањето со извештаиите кои ги доставува до Комисијата за автомобилска одговорност при Министерство за финансии создава хаос и забуна, дека не ги зема предвид сите аспект на осигурителниот бизнис, влијае на Комисијата при Министерството за финансии и креира погрешна слика за реалноста на цените за авто осигурување.
Членките на Групацијата истакнуваат дека Македонија се стреми да стане членка на Европската Унија, но амбиентот за работа на компаниите и начинот на донесување на одлуките влеваат несигурност во работењето на компаниите. Македонија е една од ретките држави каде државата сѐ уште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. За жал, оваа реформа сѐ уште не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите.
Со донесената Одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста, односно трошоците и се воспоставува 100% државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија, се вели во реакцијата на Стопанската комора.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.