27 Април, 2024
0.0280

Учениците од „Нова“ истражуваа како магнетите влијаат врз течностите и како формата на падобранот ја менува брзината на паѓање

Објавено во: Мои пари 29 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Како магнетот влијае на различни течности; дали растојанието меѓу планетите во соларниот систем е пропорционално со растојанието на честичките во атомот и која е поврзаноста помеѓу кардиоваскуларниот и водоводниот систем. Ова се само дел од истражувањата кои ги претставија учениците од меѓународното училиште „Нова“ на традиционалниот Саем на наука кој се одржа вчера во просториите на оваа образовна институција. Учествуваа околу 130 ученици, а саемот беше отворен за сите заинтересирани граѓани.


Покрај веќе гореспоменатите проекти, учениците од шесто, седмо и осмо одделение презентираа и истражувања за тоа колку брзо се раствора витаминот Ц во вода загреана на различни температури, како дигестивните ензими влијаат на конзумираната храна, како формата на падобранот влијае на брзината на паѓање итн.


Задачата на учениците била да го следат научниот метод кој вклучува поставување на хипотеза, набљудување, експеримент, моделирање, истражување и анализа на податоците и голем број од младите научници дошле до одговори на многу интересни прашања. 


- Оваа учебна година учениците започнаа со изучување на нов меѓународен интердисциплинарен курикулум кој ги поврзува сите предмети што се изучуваат и кој дополнително го поврзавме со Саемот за наука.Според тоа учениците од шесто одделение работат под мотото „Креативност“ и нивните истражувачки проекти се од областа на хемијата. Учениците од седмо одделение работат под мотото „Комуникација“ и нивните истражувачки проекти се од областа на биологијата, додека учениците од осмо одделение работат под мотото „Предизвик“ и нивните истражувачки проекти се од областа на физиката – појаснуваат од меѓународното училиште „Нова“.


Ова е веќе деветта година како се одржува Саемот на наука во оваа образовна институција, а целта е да се истакнат, развијат и надградуваат афинитетите кон природните науки кај учениците преку проекти кои нема да се базираат само на теорија туку и на практична работа. Голем дел од учениците во „Нова“, покрај тоа што го продолжуваат образованието на престижни факултети во странство, се одлучуваат да се фокусираат на различни областа во сферата на природните науки. 


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“