30 Јуни, 2024
0.0318

ВО СЕПТЕМВРИ ПРВО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 2.500 ДЕНАРИ: Следното со ист износ ќе биде во март догодина

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Со корекцијата што треба да се направи во септември пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така од 2500 денари, ќе биде во март следната година, посочи синоќа министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и додаде дека тоа ќе биде потврдено на утрешната прва владина седница.

- Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, рече Димитриеска Кочоска во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што кажа, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.

-Ќе можеме да ги обезбедиме овие средства затоа што ќе скратиме од непродуктивните трошоци. За жал за годинава невозможно е да се скрати се зашто во голем дел се веќе исплатени средствата и имаме огромен буџетски дефицит. Парите се веќе потрошени и нема од каде да се скрати, но се она што е непродуктивно и останало ќе се крати, рече Димитриеска Кочоска.

Сепак, посочи дека има уште простор за кратење и оти има многу нелогичности и вети дека ќе се обезбедат средства за сите вообичаени исплати во Буџетот.

Нагласи дека ќе остане и мерката Мој ДДВ со истите средства за граѓаните, но ќе има корекции во делот на УЈП и давањето одговори за жалбите од граѓаните за одбиените скенирани сметки од граѓаните. Во овој момент, посочи, нема да се кратат платите на функционерите. Воедно, нема да продолжи издавањето на граѓанските обврзници се додека не се врати довербата во системот и во државата.

-Кога ќе ја вратиме комплетно довербата на граѓаните во системот и во државата тогаш може да зборуваме за граѓанска обврзница, а во овој момент не, потенцира Димитриеска Кочоска.

За кредитот од една милијарда евра што го најави премиерот Христијан Мицкоски рече дека ќе се добие со камата помала од 3 отсто, а доколку се издаде еврообврзница каматата би била над 5,6 отсто.

-Таа една милијарда евра нема да ја земеме наеднаш и нема наеднаш да влезе во економијата. Дел од нејзе ветивме дека ќе ја дадеме на приватниот сектор преку Развојната банка, тоа се 250 милиони евра, а 750 милиони евра ќе останат за поддршка на ликвидноста на Буџетот поврзана со капиталните проекти, прецизира Димитриеска Кочоска.    

За минималната плата и нејзиното евентуално покачување, како што бараат синдикатите, рече дека треба да биде поврзана со продуктивноста и посочи дека нема економска логика да ни паѓа продуктивноста.

-Мора да видиме зошто ни се намалува продуктивноста. Се сомневам дека голем удел за тоа има сивата економија. Ако успееме да се избориме, а јас верувам дека ќе успееме, ќе се создадат поволни услови за зголемување и на минималната плата и на реалните плати, истакна Димитриеска Кочоска и додаде дека на таа тема ќе разговараат со синдикатите кои бараат уште во првите 100 дена на владата минималната плата да биде 450 евра.


Можеби ќе ве интересира

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

OД СЕПТЕМВРИ: Просечната пензија ќе ја надмине минималната плата

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?