Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата
Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2024
Стабилни два дена се пред нас, вели метео прогнозата за овој викенд.
Метеоролозите највуваат температури од 30 до 38 ширум земјава, а до 35-от степен ќе се качи и температурата во главниот град.
Сепак, стабилното време ќе биде краткотрајно, бидејќи според најавите, од понеделник доаѓа нова дестабилизација.
Се најавува ново невреме и пад на температурите.