24 Ноември, 2024
0.0287

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

„Постигнувањето рамнотежа помеѓу ценовната и  финансиската стабилност беше главниот фокус на централните банки, вклучително и на Народната банка, во изминатите неколку години. Историјата покажува дека зголемувањето на каматните стапки на централните банки може да ги зголеми ризиците за финансискиот систем, што всушност се потврди и овојпат преку минатогодишните случувања во САД. Сепак, во целина, добро е што централните банки придонесоа за значително намалување на инфлациските притисоци, а без притоа да има поголеми неповолни ефекти врз финансиските системи. Инфлациските притисоци во домашната економија се значително намалени, девизните резерви се зголемени и на солидно ниво, а финансиската стабилност е зајакната и покрај кризниот период“, истакнува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст објавен во српскиот неделник НИН, списание со повеќедецениска традиција. 

Гувернерката Ангеловска-Бежоска потенцира дека централните банки значително ја затегнаа монетарната политика преку зголемување на основните каматни стапки. Така во регион на ЦЈЕ, основните стапки се зголемија во просек за 600 базични поени, слично како и кај нас. Тоа што е специфично кај нас е дека, со оглед на нашата монетарна стратегија на одржување стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, Народната банка не се потпираше само на каматната стапка, туку користеше широк сет монетарни мерки. Монетарните мерки беа надополнети и со макропрудентни мерки коишто за првпат беа применети во текот на овие кризни години.

Претпазливите политики доведоа до намалување на инфлациските притисоци, а без притоа да се зголемат ризиците во финансискиот систем. Особено е важно што во текот на овој кризен период беше зајакната стабилноста на банкарскиот систем, што е предуслов и за раст на економијата. Во текстот, гувернерката нагласи дека адекватноста на капиталот на банките достигна 18,4% во 2023 година, што е највисоко ниво во последните 17 години, што е клучно за одржување на стабилноста при соочување со можни ризици, како и од аспект на кредитирањето и поддршката на граѓаните и компаниите.

„Кредитните портфолија на банките генерално се квалитетни, без сериозни знаци на остварување на кредитниот ризик, а учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити е на историски најниско ниво од 2,8%. Силниот банкарски систем овозможи да се продолжи со кредитната поддршка на економијата, иако во помала мера. За разлика од некои други земји, кредитната криза беше избегната“, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска, додавајќи дека иако постои чувство на оптимизам, сепак условите и натаму се неизвесни и сѐ уште има ризици за светската и домашната економија на краток и на среден рок. Оттука, потребна е натамошна претпазливост, особено при следењето и управувањето со кредитниот ризик, чиешто значење се зголемува во услови на неизвесно окружување и затегнати финансиски услови.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна