03 Мај, 2024
0.0263

2015, 2016 и 2017 најтопли години - каде ќе не однесе затоплувањето?

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Темпото на раст на температурите е „исклучителено“, предупредуваат од Обединетите нации.

Трите последни години се најтопли откако се мерат температурите на воздухот. 

„Сега е потврдено дека 2015, 2016 и 2017 се најтопли години кога било регистрирани и тоа јасно се вклопува во трендот на долгорочно затоплување, предизвикано од порастот на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина во атмосферата“- соопшти Светската метеоролошка организација, специјализирана агенција на ОН.

Најтопла од трите години била 2016 година со просечна температура повисока за 1,2 степени Целзиусови во споредба со прединсустриското време (референтен период од 1880 до 1990). Таа година беше под влијание на природниот феномен Ел Нињо, кој се појавува секои три до седум години и може да ја зголеми просечната температура, да влијае на струењата и на врнежите.

Директорот на Светската метеоролошка организација, Петери Талас вели дека поважно е да се набљудува долгорочниот развој на температурата, кој има тенденција на раст отколку да се врши класификација на годините. 

„Седумнаесет од 18 најтопли години се во 21 век и темпото на загравање што е констатирано во последните три години е исклучителчно. Затоплувањето посебно е видливо на Арктикот и тоа ќе има трајни последици на нивото на морето и на метеоролошките услови во други делови на светот“ - рече Талас.

Просечната температура во 2017 година е повисока за околу 0,46 степени Целзиусови од температурата измерена во периодот од 1981 до 2010 година.

Можеби ќе ве интересира

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

Пронајдени четири бебиња во замрзнувач во стан на мајка која ја криела бременоста: Нема да и се суди, еве зошто

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ПАНИКА ВО МЕЛБУРН - повторно напад во трговски центар во Австралија: маж украл нож во продавница и напаѓал посетители

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

ЕКСТРЕМНИ ПОПЛАВИ ВО БРАЗИЛ! Водата ги избрка луѓето од домовите, надлежните порачаа: ќе биде полошо од ова! (ВИДЕО)

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАЈМАЛКУ 30 ЛИЦА УАПСЕНИ НА ДРЖАВНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО ПОРТЛАНД: полицијата се уште е на терен

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија