2020: Година во која ги убиваат бензинците и дизелашите
Објавено во: Свет 08 Септември, 2017
Компанијата "Jaguar-Land Rover" објави дека новите модели од 2020 година ќе бидат со електричен или хибриден мотор, а пред два месеци истото го најави и "Volvo".
Генералниот директор Ралф Шпет најави серија модели на електрична енергија, вклучувајќи и целосно електрични возила, хибридни, на полнење и лесни хибридни возила.
Електричните автомобили имаат само еден вид на моторна сила, електрична, и се полнат на електричен приклучок. Хибридните чии батерии можат да се полнат, обично имаат два типа на мотор: електричен-се полни на приклучок и мотор на бензин. Автомобилите се движат со помош на тие два извори.
Покрај "Volvo", британскиот произведувач на автомобили "Aston Martin" на крајот на август најави дека од средината на 2020 сака да ги опреми сите свои нови модели со електрични мотори.
Повеќето произведувачи на автомобили се вртат кон електрични технологии, додека властите од Кина до Европа се повеќе се грижат за животната средина, а стандардите на нејзина заштита стануваат се построги. Властите во Франција и Велика Британија неодамна објавија план да ја забранат продажбата на дизел или бензински автомобили на својот пазар до 2040 година. Норвешка дури објави дека сака до 2025 година да ја запре продажбата на нови автомобили опремени само со мотори со внатрешно согорување. Холандија има слични амбиции.
Кина лани одлучи дека до 2020 година 12 отсто од автомобилите продадени на нејзина територија ќе бидат со електричен или хибриден мотор.