ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна
Објавено во: Економија 17 Мај, 2024
Компанија за дизајнирање и принтање на кеси и фолии за амбалажа за прехранбени и други производи кои секојдневно ги гледаме и купуваме во маркетите се најде во Топ-5 листата на фирми од Велес со најголема добивка во Велес.
„Прва Кинга“ (1-ва Книга) е компанија која со приход од 3,83 милиони евра направи добивка од безмалку 1 милион евра, работејќи за прехранбената индустрија. Растот на добивката по една година е 69 отсто. Печатницатата од велешко Башино заедно со уште две подружници во самиот град Велес имала 30 вработени во 2023. Фамилијарниот бизнис е во сопственост на Маринела Андовска Ѓошева, Теодора Андовска Лепојевиќ и Ангел Андовски.
На првото и второто место се во последно време најголемите велешки компании - странскиот инвеститор за автомобилски системи Маркарт Македонија и „Брако“ на „Фероинвест“. Сепак, во однос на една година претходно нивната добивка е повеќе од преполовена.
Странската гринфилд инвестиција „Маркарт“ е супортер во глобалната автомобилска индустрија, а воедно оваа компанија е и најголем вработувач во Велес. Некогашниот гигант од машинската индустрија „Брако“ доживеа реинкарнација под диригентската палка на познатиот домашен бизнисмен Кочо Анѓушев.
На третото и петтото место се две компании на Перо Колевски - фармата за производство на сточна храна „Овчеполка“ и кланицата „Агриа“. Првата освен по одгледување свињи, е позната и по производство на сточна храна и концентрати за прехрана на добиток, а втората е „производител“ и продавач на свинско месо.
Треба да се спомене и тоа што и двете друштва добиваат редовни субвенции од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој од по неколку стотина илјади евра.
Може да се заклучи дека во Велес и натаму доминираат индустријата и земјоделството како двигатели на локалната економија. А.К.
Извор: Централен регистар
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.