05 Мај, 2024
0.2202

5 години Халк банк АД Скопје

Ви благодариме за заедничките достигнувања

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Халк банк АД, Скопје е основана на 15.3.1993 година како Акционерско друштво и универзална банка за вршење на сите видови банкарски работи во Република Македонија под името Извоз на и Кредитна банка АД Скопје.

Халк банк АД Скопје е растечки стабилен бренд што дејствува остварувајќи ја својата глобална визија преку понуда на иновативни производи и услуги што паралелно оди со зголемување на довербата од страна на клиентите како најголем показател за успешноста.

Турскиот банкарски бренд Халкбанк во Македонија е присутен од април 2011 година. Како показател за цврстата определеност за присутност и долгорочна стратегија на развој на финансискиот сектор во Република Македонија, од самиот влез, па до крајот на 2016 година, направи значајно капитализирање, со што сопствените средства на Банката достигнаа износ од 67,5 милиони ЕУР. Имајќи ги предвид овие податоци, Халк банк АД Скопје се позиционира на четвртото место меѓу банките во Република Македонија според големината на капиталот.

Паралелно со капитализацијата на Банката, одеа и низа инвестиции во насока на подобрување на квалитетот на услугата и достапноста на Банката до субјектите преку зголемувањето на деловната мрежа и отворањето голем број нови филијали низ целата територија на Република Македонија, каде што бројот, на крајот од 2016 година, достигна 37 модерно и комплетно реновирани филијали на локации најпогодни за клиентите, со можност за брзо завршување на дневните банкарски операции, а бројот на банкомати е двојно зголемен и на крајот од 2016 година изнесува 103. За овој период, ХалкбанкАДСкопјезначително го зголеми бројот на вработени, од 275 на 461 високоедуцирани, услужливи вработени во секое време на располагање на своите клиенти.

http://halkbank.mk/filijali.nspxhttp://halkbank.mk/atm-mapa.nspx

Халк банк АД Скопје, повратно, за подобар сервис за клиентите инвестираше во широк спектар сервиси, чиешто понатамошно развивање нема да сопре.

Инвестициите се состоеја во сопствен центар за обработка на податоците од картичното работење, 3Д безбедносна платформа, одлична покриеност со нови АТМ, најмодерни ПОС-терминали, инвестиција во бесконтактна технологија, инвестирање во комплетно ново електронско банкарство и мобилно банкарство за физички и правни лица, онлајн аплицирање, инвестиција во ЕРП-систем и многу други процеси, што доведоа до зголемување на трансакциите што се вршат преку новите дигитални решенија од над 55% од вкупниот број, со тренд на континуирано зголемување со цел олеснување и поедноставување на секојдневните банкарски трансакции за клиентите со високо ниво на безбедност.

Активата на Банката на крајот од 2016 година изнесува 582 мил. ЕУР, со што Халк банк АД Скопје е рангирана во групата на петте големи банки во банкарскиот сектор на Република Македонија. Зголемувањето на активата во анализираниот периодот изнесува речиси 4 пати.

Стабилноста на Халк банк АДСкопје во изминатите 5 години беше препознаена од страна на клиентите што растот на Банката го поддржаа со зголемување на депозитната база за 296 мил. ЕУР, за на крајот од 2016 година таа да изнесува 385,5 мил. ЕУР.

Паралелно со зголемувањето на депозитната база одеше и зголемувањето на кредитното портфолио, кое беше придружено со детална анализа на сите пазарни, економски и финансиски предизвици, и внимателно пласирани средства кон фирмите и граѓаните преку производи што одговараа на секој поединечен профил на клиент, согласно надворешните околности на стопанисување. Резултат на тоа е здравото портфолио на Банката и ниското ниво на нефункционални кредити за целиот период во услови на турбулентното окружување. Вкупните нето-кредити на крајот од 2016 година изнесуваа 381 мил. ЕУР, што значеше зголемување за повеќе од 4 пати за 5 години, споредено со 2011 година, од влезот на Халкбанк во Македонија.

Износот на нето-кредити на население порасна од 48,4 мил. ЕУР на 171,5 мил. ЕУР во насока на континуирано зголемување на потрошувачките и хипотекарните кредити како стабилна база за натамошен раст, додека, пак, износот на кредити дадени на компаниите порасна од 43,3 мил. ЕУР на 210 мил. ЕУР на крајот од 2016 година.

Стабилниот раст на Банката, проследен со здрави пласмани, зголемена доверба од граѓаните, изразен преку зголемен бројот на клиенти, трансакциски сметки, платежни картички, кредитни и депозитни производи, препознавањето на сите инвестиции на Банката што придонесоа за лесно, брзо и функционално работење на компаниите со Банката, неизбежно водеше и кон континуиран пораст на профитот.

На крајот од 2016 година,профитот изнесуваше 7,667 мил. ЕУР, што ја прави четврта банка во Република Македонијапо основ на профитабилност и што дава простор за дополнителна идна капитализација и поддршка на стопанството и на граѓаните.

Со овој текст, тимот на Халк банк АД Скопје сака да ја изрази својата благодарност до сите физички и правни лица,кои се клиенти на Банката, а со кои заедно, преку меѓусебна соработка, доверба и искрено работење, континуирано ја издигнуваме Банката меѓу највлијателните финансиски институции во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ