Добивај вести на Viber
Парични казни, но и разрешување и кривична пријава за директорката на градинката „Детска радост“ , поради загрозување на здравјето на децата ќе изрече Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ова се случува неколку дена по труењето со храна на 13 деца сместени во градинката, каде децата јаделе храна со фекални бактерии. За „Детска радост“ изречена е казна од 5.000 евра , додека со 500 евра ќе се казни и директорката поради непочитување на стандардите и квалитетот на храната, сопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој информираше дека и пред повеќе од еднa година имало одредени недоследности во работењето на градинката во однос на стандардите, квалитетот на храната и условите за работа.
„Дополнително од страна на инспекцијата за детска заштита при Министерството за труд и социјална политика извршен е повторен надзор и ќе бидат изречени парични казни. Согласно Законот за детска заштита, казната е во висина од 500 до 1.000 евра,“ рече Спасов кој побара градоначалникот да иницира постапка за разрешување на директорката на градинката.
Утврдено е неколку пати непочитување на стандардите и квалитетот на храната во градинката и поради тоа се преземаат вакви строги санкции против одговорните лица и во останатите институции да не се случи повторување на ваква појава. Спасов најави и вонредни контроли за да се утврди дали секаде се почитуваат стандардите и да се преземат соодветни мерки.
Ваквата мерка синоќа ја најави владата на вечената седница и побара мерка за вонреден инспекциски надзор во сите градинки и училишта. .
Во клонот „Сончоглед“, во градинката во Автокоманда з13 деца имаа симптоми на труење, при што кај три е утврдено присуство на бактерија салмонела.