13 Февруари, 2025
0.0267

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Објавено во: Мои пари 17 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Локалитет Ефес е најпосетуваната археолошка локација во Туркије во 2024 година. Според податоците,овој атрактивен локалитет сместен во провинцијата Измир, во кој може да се видат градбите од некогашниот антички град Ефес, основан во 10. век пред нашата ера, лани го посетиле 2,6 милиони туристи. На второ место по бројот на посетители се наоѓа археолошката локација Денизли Хиераполис или Памук кале, во чии убавини минатата година уживале 2,3 милиони туристи, а трет по бројот на посетители во 2024 година е археолошкиот локалитет Невшехир Гереме во областа Кападокија, позната по „самовилските оџаци“, кој бил посетен од околу еден милион туристи.

Трите најпосетувани археолошки локалитети во Туркије во 2024 година се заштитени како светско културно наследство од страна на УНЕСКО. Исклучителните историски откритија сѐ повеќе стануваат омилена туристичка дестинација, а интересот за овој вид на туризам во Туркије и за посета на атрактивните археолошки локалитети се очекува да расте.

Покрај на богатата туристичка понуда, која се карактеризира со познатото турско гостопримство, Туркије интензивно работи и на дополнително збогатување на археолошката туристичка понуда. Преку вложувања во научни трудови и истражувања, Туркије направи вистински археолошки бум, креирајќи голема љубопитност во светската јавност за новите откритија. Во 2024 година бројот на археолошки истражувања се искачи на 765, во однос на 720 во 2023 година, а се очекува нивниот број да достигне 800 до следната година.

Туркије инвестира и во креирање на модели кои придонесуваат за одржлив туризам и за поголема достапност на одредени археолошки знаменитости. Во таа насока беше развиен и проектот „Ноќен музеј“, кој значајно придонесе за зголемување на бројот на туристите во музеите. Проектот овозможи туристите полесно да ја вклучат посетата на музеите во своите дневни активности, токму заради продолженото работно време.

Најпосетуван музеј минатата година во Туркије бил музејот Мевлана во Коња, дервишко теќе каде се наоѓа и мавзолејот на познатиот поет и филозоф од 13 век Џелалудин Руми. Музејот минатата година го посетиле 2,6 милиони туристи, а втор по број на посети е Републичкиот музеј во Анкара, со речиси 807 илјади туристи. Музејот на кулата „Галата“ во Истанбул, изградена во 528 година, се наоѓа на третото место по бројот на посети со 677 илјади туристи. 

Меѓу најпосетуваните археолошки знаменитости минатата година бил и популарниот археолошки локалитет Ѓобекли тепе, сместен во Анадолија, чие откритие фрли сосема ново светло на историјата на човештвото. Овој локалитет, стар најмалку 12.000 години, минатата година го посетиле речиси 710 илјади туристи.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Се викам храброст“ е книга којашто ќе ги инспирира новите генерации

„Се викам храброст“ е книга којашто ќе ги инспирира новите генерации

Design Thinking: Креативниот пристап што ги менува правилата на играта за младите претприемачи

Design Thinking: Креативниот пристап што ги менува правилата на играта за младите претприемачи

Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Дајмонд мол организира Саем на виното и чоколадото по повод празникот на љубовта и виното

Ова мора да е љубов - МТЕЛ со специјални попусти на постпејд пакетите и 50 отсто попуст на телефони!

Кампања на Mozzart „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје

Кампања на Mozzart „Повеќе од гол” – Филип Кузмановски ја намени донацијата за Детската клиника во Скопје

Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

Саем на мебел 2025: „Инспирација за секој дом“ од 26 до 30 март во Скопје

United Group постигна договор за продажба на SBB Србија на e& PPF Telecom, како и Net TV Plus и правата за спортски преноси за Западен Балкан на Телеком Србија

United Group постигна договор за продажба на SBB Србија на e& PPF Telecom, како и Net TV Plus и правата за спортски преноси за Западен Балкан на Телеком Србија