50.000 луѓе од Република Српска бараат државјанства од Србија
Објавено во: Балкан 20 Август, 2017
Владимир Николиќ, генерален конзул на Србија во Бања Лука вели дека има голем интерес од граѓани на Република Српска и БиХ за добивање на српско државјанство.
За оваа цел поднесени се над 50.000 барања, а граѓаните навеле дека за да земат двојно државјанство имаат лични и практични причини, било да е тоа студирање или работа.
Нема временска рамка според закон до кога треба едно барање за државјанство да се реши, но во пракса се покажало дека е потребно да помине година дена.