01 Мај, 2024
0.0242

„52“ – ново име на скијачка патека на Ски центар Маврово

Објавено во: Мои пари 04 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Патека „52“ (педесет и два) е името на новата патека во нашиот најпознат Скијачки центар Маврово, каде љубителите на скијањето во новата сезона, за првпат, ќе може да ја користат. Името на прекрасната патека звучи едноставно „52“, но е избор на следбениците на скијачкиот центар Маврово преку социјалните мрежи Facebook и Instagram. Со името се оддава чест на 52 загинати лица во снежна лавина, која се случила во февруари 1956 година. 

Скијачкиот центар Маврово неодамна ги покани своите следбеници и пошироката јавност која користи социјални мрежи да предложат креативни имиња за патеката и повеќе од500 следбеници на мрежите кои гласаа, за најдобро и најкреативно решение го одбраа „52“.


„Предлог името ‘52’ доби најмногу допаѓања (likes) и како Скијачки центар Маврово, го прифативме и заедно со кумот, наскоро, ќе ја одбележиме патеката и ќе ја крунисаме со новото име“, вели Хрипсиме Кузевска, маркетинг менаџер на Скијачкиот центар Маврово.

Историската и емотивна поврзаност на новото име „52“ со скијачкиот центар Маврово е голема. Новото име „52“, всушност, има историска и емотивна поврзаност со скијачкиот центар. Патеката го носи името „52“во чест на 52 загинати лица во снежна лавина, која се случила ноќта меѓу 10-ти и 11-ти февруари 1956 годинаи урнала куќи и бараки по долината на реката Радика, во селата Стрезимир, Штриковица и месноста Торбешки мост. Во лавината биле затрупани повеќе од 100 градители на мавровските хидроцентрали, граничари и жители на локалното население. Од нив починале 52 лица и во нивна чест, Скијачкиот центар Маврово со гордост го прифати предлогот за новото име на скијачката патека.

Исто така, во спомен на овој настан, подигнат е Споменикот на градителите пред браната на Мавровското Езеро а во Маврово, традиционално, се одржува и меѓународниот натпревар во нордиско скијање „Мавровски меморијал“.

Скијачките ентузијасти веќе може да купат и Early bird карти по промотивни цени на веб страна на Скијачкиот центар Маврово, први да го почувствуваат снегот и да уживаат во убавините на овој бел спорт во овој наш скијачки центар.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор