17 Јануари, 2025
0.0242

Системот падна, електронските рецепти пропаднаа

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Падна системот преку кој старите хартиени, од денеска требаше да бидат целосно заменети со електрински лекарски рецепти. Од Министерството за здравство најавија одложување до 1-ви авуст на целиот проект поради бројните проблеми и недостатоци со кои денеска мача мачеа и лекарите и аптекарите, кои не успеваа да ги услужат пациените.Попладнево беше свикан итен состанок со сите програмерски куќипоради блокирањето на системот, а беше најавено дека од утре се враќа стариот начин на препишување на рецепти.
Поради тоа од Министерството соопштија дека денешниот ден  ќе го сметаат како пилот фаза , а од си дадоа и рок од еден месец за да ги отстранат сите недостатоци. Од министерството посочија дека проблемите биле маргинални по што им се извинија на пациентите за непријатностите денеска при набавката на своите лекови. Оттаму посочија дека ова бил прв и единственогромен систем, кој се имплементира во кој било здравствен систем во светот. „Денеска имавме максимален број на реализирани разменети податоци, над 1.500.000 податоци што претставува убедливо најголем број разменети податоци во единствен систем во историјата на Република Макодонија. Проблемите коишто беа детектирани најмногу се должат на неусогласеноста и неоптимизираноста на програмските пакети коишто ги користат лекарите од примарна здравствена заштита со софтверот на Министерството. Поради ова, денеска во 18 часот е свикан итен состанок со сите програмерски куќи со цел надминување на овие проблеми. Сакаме да потенцираме дека за време на тест периодот до денешниот ден системот функционираше беспрекорно, но за да можеме да ја имаме вистинската слика за потребите и успешноста на системот, мораше во реално време да се имплементира, при што целиот здравствен систем мораше да го користи истовремено“ соопштуваат од Министерството Идејата на системот беше матичниот лекар, лекот да го пропишува по електронски пат, а пациентот за да си ја подигне терапијата во аптека  доколку нема  електронска здравствена картичка  ќе може да го каже  матичниот број или бројот на здравственото осгурување кој го има на здравствената легитимација. На овој начин се добива поголема евиденција за  институциите и лекарите.

Можеби ќе ве интересира

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето