„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето
Објавено во: Мои пари 15 Јануари, 2025 12:02
Новата едукативна сликовница „Колку е часот?“ со текст и илустрации од Тодор Трајковски е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето, односно – да ги читаат часовниците. Ова прво авторско дело на Трајковски, што е класифицирано во едицијата „Сезнајковци“, неодамна излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
„Колку е часот?“ е еден вид игра. Почнува со преглед на најразличните часовници околу нас, џебниот, рачниот, механичкиот, дигиталниот, уличниот, ѕидниот, часовникот за на шкафче... потоа го внесува ликот на Чаки Часовникот, новото другарче на читателите, со чијашто придружба првин се осознава часовникот како направа, сосе неговите делови, потоа се осознава и концептот на времето, на должината, на траењето на секојдневните нешта и активности.
„Колку е часот?“ нуди и вежби за поврзување и изедначување на механичките и дигиталните часовници, зашто, да се научи да се чита времето значи и спријателување со сите видови часовници одеднаш.
Сликовницата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.
ПР објава
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





