28 Април, 2024
0.0446

„6 успешни години на Скопје Сити Мол” Интервју со Олга Дервенџи - Лизинг менаџер на Скопје Сити Мол

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

1.       Skopje City Mall претставува прва, и најчесто единствената опција на потрошувачите, како успеавте?

- Постојано следење и прилагодување на светските трендови, иако звучи многу едноставно. Вистинскиот избор на брендови претставени во целосни најнови концепти. Понуда на “full concept” и “shopping experience”. Ќе наведам само неколку примери од деловни простори отворени во последните неколку месеци: Replay, Superdry, Levi’s, OVS Kids, KFC, мултибренд продавница со Michael Kors, Armani Jeans, Furla, силни брендови со развиен концепт до најситен детал: ентериер, осветлување, музика, целосни колекции и развиени продажни политики. Македонскиот потрошувач е многу свесен, со развиени куповни навики, и секогаш знае да оцени. 
Никогаш не сме погрешиле доколку сме се воделе од оваа стратегија за развој. 

2.       Донесовте светски брендови кои пак постојано носат и туристи од соседните земји, на еден ден само за шопинг во Skopje City Mall. Со колку закупци можете во моментов да се пофалите?

- Во Скопје Сити Мол имаме вкупно 180 закупци, доволен број да бидеме атрактивни како шопинг дестинација, веќе и регионално. Иако не е пресуден само број на закупците, секако е важен и правилниот избор и балансот во понудата: колкав процент ќе биде за мода, чевли, храна и пијалоци, кафулиња, детски или спортски локали, или пак за услуги.

3.       Skopje City Mall постојано изненадува со нови брендови, тешка ли е потрага на нови закупци кои ќе ја подoбрат понудата и дали би можеле да најавите некој?

- Доколку во 2010 година кога започнавме со иградбата на Скопје Сити Мол потенцијалните закупци  со доза на потценување го гледаа локалниот пазар, сега е се поедноставно. Шест години од отаварањето, успешното работење на закупците, постојано зголемување на бројот на посетителите не прави претпознатливи како трговски центар. Како тим работиме активно, дури вообичаено први пристапуваме кон брендови кои сметаме дека треба да бидат присутни во Скопје Сити Мол и никогаш не отстапуваме, некогаш се потребни неколку месеци до посакуваното ново отварање, понекогаш и 2 години, со некои пак сеуште преговараме. Разговараме за  нови отварања со: Calzedonia, Intimissimi, Ted Baker, Calvin Klein Underwear и многу други.

4.       Наскоро прославувате 6 години од отварањето, со колкава потрошувачка може да се пофалите, со оглед на тоа што општеството изминатата година помина низ една транзиција?- Можеби економијата бележи стагнација, но во Скопје Сити Мол забележуваме постојан пораст, делумно поради зголемна концентрација на потошувачката, постојани лојални посетители кои се враќаат како и едукација на цела нова генерација што значи “mall” шопинг култура. Пред 6 години тоа беа деца на предучилишна возраст, сега се тинејџери, тие се едни од нашите идни двигатели. 


5.       Интернационалните брендови се многу категорични во своите барања... што треба да поседува еден бренд за да стане дел од вашата приказна?- Да нивистина се категорични, само неколку од вобичаените стандарди барања: должина на излог 8м или повеќе, најсовремени оперативни и технички системи во трговскиот центар, вкупна површина под закуп над 30.000 м2, доволен број на паркинг места, избор на други закупци и брендови, квалитетна и докажана раководна структура.


6.       Што вас како тим ве направи среќни, задоволни во изминатите 6 години?

- Со девизата СЕ ШТО САКАМ, сакавме Скопје Сити Мол посетителите да не го перцепираат исклучиво какo место за добро купување, туку повеќе како центар кој нуди целосна содржина. Посебно сме среќни што создадовме атмосфера на пријатно место за поминување на времето со  семејството, сами или со пријателите. 
И среќни сме кога после 6 години истата девиза е навистина оправдана: просечното време на поминување во трговскиот центар е скоро 3 часа, се ближиме кон бројката 9 милиони посетители за една година а потрошувачката кошница е веќе над 130 милиони Евра годишно. 


7.       Со какви планови ќе ја заокружите 6ката? - Постојат уште многу сегменти кои сакаме да ги усовршиме. Секојдневно нашиот тим од секој сектор, размислува за нешто ново за нашите посетители. 6ката ќе ја заокружиме  со зголемување на понудата на брендови, но во исто време ќе работиме на подобрување на целото искуство во трговскиот центар: реновирање на деловните простори во најнови концепти, подобрување на сервисните услуги, подобрување и дополнување  на изгледот на заедничките простори. И се надеваме следната година да стигнеме до бројката 10 милиони посетители.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг