20 Декември, 2025
0.0689

633 евра за стан дава просечниот Французин

Објавено во: Свет 20 Април, 2013 11:49

Добивај вести на Viber

Французите, во просек трошат 633 месечно за домување, а една третина имаат тешкотии во обезбедувањето на овие пари. Најновата студија на францускиот Институтот за политички и маркетинф истражувања на пазарот „OpinionVej“ откри дека трошоците за одржување на становите оваа година се зголемило во просек од 16 евра во споредба со 2012 година, кога се спроведе ваква анкета. Меѓутоа, сопствениците и потстанарите, меѓу кои се оние кои отплаќаат станбен кредит, не се во иста позиција. Сопствениците на станови плаќаат за одржување 793 евра месечно, или шест евра помалку од минатата година, што претставува 14,5 отсто од нивните месечни примања, пишува француски Експрес. За разлика од нив, потстанарите оваа година издвојуваат 32 евра повеќе за домување, или 551 евро што претставува 36,5 отсто од нивните месечни плати. Една третина (29 отсто) од испитаниците , кажале дека киријата или ратата на кредит, како што велат тие, е голем финансиски товар. Капацитетите за штедење на Французите и оваа година се значително намалени, за 82 проценти кај потстанарите односно за 47 отсто кај сопствениците на станови, покажува студијата. Високите трошоците за домување имаа негативно влијание врз сите други трошоци како што се буџетот за патување, трошоците за облека и храна. Истражувањето е спроведено 3 и 4 април на репрезентативен примерок од 1.013 полнолетни граѓани на Франција.  

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот