Пари, моќ и одговорност - Mакедонската приказна за фискална децентрализација
Објавено во: Колумни 10 Декември, 2025 08:00
Во услови кога локалната и централната власт се од ист политички субјект, се создава поволна средина за сеопфатен развој. Таквата усогласеност овозможува поефикасна координација и полесно спроведување на локалните политики, во согласност со националните приоритети. Силна и функционална локална власт создава задоволни граѓани, а задоволните граѓани се темел на стабилна и силна централна власт.
Фискалната децентрализација во Македонија веќе речиси две децении се претставува како клучна реформа за јакнење на локалната самоуправа и приближување на услугите до граѓаните. Но, реалноста покажува поинаква слика, општините и понатаму се финансиски зависни од централната власт, често заглавени во долгови, ненаплатени побарувања по основ на даноци и такси и без јасна визија за одржлив развој. Наместо инструмент за рамномерен напредок, децентрализацијата премногу често се претвора и во алатка за краткорочни политички калкулации. Прашањето денес е дали оваа реформа може да се „ресетира“ и да добие вистинска функција, или ќе остане една недовршена приказна?
Фактичката состојба е дека процесот на фискална децентрализација почна со намера општините да добијат повеќе финансиска автономија, со цел подобра распределба на јавните услуги и развој на локалните заедници. Сепак, денес повеќето општини сè уште се многу зависни од трансфери од централниот буџет. Сопствените извори на приходи даноци на имот, локални такси и надоместоци се недоволни, дури и целосно да се наплатат, а дел од локалните власти имаат и долгови кои ја ограничуваат нивната самостојност.
Оваа финансиска зависност значи дека многу од стратешките одлуки на општините се условени од централната власт, наместо да се донесуваат според локалните потреби и приоритети. Последица е нерамномерен развој меѓу општините и слаб квалитет на јавните услуги, особено во помалите и сиромашни општини.
Меѓутоа проблемот не е само во недоволните финансиски средства. Многу од финансиските средства понудени како грантови за локален развој остануваат неискористени заради немање на соодветни проекти.
Децентрализацијата во Македонија често се соочува со политичка зависност, односно општините со „погрешна“ партиска припадност добиваат помалку ресурси.
Недоволната отчетност исто така е еден од предизвиците на локалните власти, односно дел од нив немаат транспарентно трошење на средствата, што ја намалува довербата на граѓаните. Понатаму, често постои неусогласеност помеѓу надлежностите и ресурсите, што подразбира дека општините добиваат обврски, но не и доволно средства за нивно исполнување.
Ова резултира со ситуација каде краткорочни политички проекти се приоритет пред стратешки, долгорочни инвестиции кои би донеле вистински развој.
За фискалната децентрализација да стане алатка за вистински локален развој, потребни се конкретни мерки, како што се подобрување на приходната страна, зголемена отчетност за трошењето на парите на граѓаните, рамномерност при распределба на средствата и целосна деполитизација на локалата самоуправа.
Подобрувањето на приходната страна неизбежно бара зголемување на сопствените извори на приходи преку навремена и редовна наплата на данокот на имот, локалните такси, креирање на јавно - приватни партнерства за проекти од витално значење на општините, како и финансиски стимули за општините кои се одговорни и транспарентни при трошењето на средствата.
Зголемената отчетност подразбира задолжителни извештаи за трошењето на локалните буџети, со засилена улога на Државниот завод за ревизија при контролата на јавните финансии. Контролите да завршуваат со превземени законски мерки за непочитување на задолжителната транспарентност и законското трошење на средствата на граѓаните.
Рамномерноста е нужна особено ако се има во предвид фактот дека постојат големи разлики во локалниот развој, поради што се потребни посебни механизми за поддршка на посиромашните општини и намалување на регионалните разлики преку рационално распределување на трансферите од централната власт.
Деполитизацијата на локалната самоуправа е најголемиот предизвик за секоја власт, а значи стабилност на трансферите кон општините, независно од партиската припадност на локалните власти и пред се јасни правила кои го ограничуваат партискиот фактор во распределбата на финансиите.
Фискалната децентрализација во Македонија може да биде вистински двигател на локалниот развој и демократските процеси, но само ако се ослободи од партиските калкулации и добие вистинска финансиска и институционална основа. Општините мора да се охрабрат да бидат домаќински и одговорно насочени, наместо да гледаат кон центарот како единствена каса. Прецизирањето на даночната основа за утврдување на данокот на имот е од суштинско значење, исто како и прецизирањето на бројот на даночните обврзници за плаќање на комунални такси и фирмарина. Македонија има избор: да ја зајакне оваа реформа и да ја претвори во механизам за развој и рамнотежа, или да остане заробена во статус кво со долгови и неизвесност.
Во услови кога локалната и централната власт се од ист политички субјект, се создава поволна средина за сеопфатен развој. Таквата усогласеност овозможува поефикасна координација и полесно спроведување на локалните политики, во согласност со националните приоритети. Силна и функционална локална власт создава задоволни граѓани, а задоволните граѓани се темел на стабилна и силна централна власт.
Елизабета Чингаровска – финансиски експерт* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





