27 Април, 2024
0.0275

7 врвни филмски наслови на репертоарот на А1 Drive-in киното

Објавено во: Мои пари 25 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Со најавата за отворање на A1 Drive-in киното на 29 септември со повеќекратниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019), A1 Македонија го објави и целосниот репертоар на настанот.

7 филмски ноќи, 7 филмски доживувања од повеќе жанрови и говорни подрачја, A1 Drive-in киното ќе понуди внимателна селекција од некои од најпопуларните филмски остварувањата од последниве две години.

Така, втората вечер, односно на 30 септември, ќе имате можност да ја погледнете прекрасната семејна драма „Вистина“ (The Truth или во оригинален наслов La vérité од 2019 г.) која е од англиско-француско говорно подрачје, со Кетрин Денев, Жулиет Бинош и Итан Хоук во главните улоги.

На 1 октомври на репертоарот е данскиот филм „Уште една тура“ (Another Round или Druk, 2020), со Мадс Микелсен во главната улога, инаку доста популарен по своето остварување во серијалот „Ханибал“, кој во „Уште една тура“ во улогата на Мартин, заедно со своето пријатели, ја тестира теоријата дали нивните животи ќе се подобрат доколку константно одржуваат одредено ниво на алкохол во крвта.

Во петок вечер, пак, на 2 октомври, ќе можете да уживате во маестралната адаптација на класичната приказна за добропознатиот „Пинокио“ (Pinocchio, 2019), со неповторливиот оскаровец Роберто Бенини во улога на Џепето.

Викендот на A1 Drive-in Cinema е резервиран за два одлични француски филма. Возбудливиот историски трилер „Офицер и шпион“ (An Officer and a Spy или J'accuse во оригинал, 2019), кој е најновото филмско остварување на режисерот Роман Полански, ќе можете да го погледнете на 3 октомври, а пак наредниот ден, на 4 октомври, на репертоарот е акционата драма „Проксима“ (Proxima, 2019) од англиско-француско говорно подрачје. Тој ја следи приказната на една астронаутка (во улога на Ева Грин), која се подготвува за едногодишна мисија на Меѓународната вселенска станица.

Затворањето на овој седумдневен филмски фестивал е на 5 октомври со проекција на популарниот документарец за фронтменот на поранешната група „Оејзис“ (Oasis), „Лиам Галагер: Како што беше“ (Liam Gallagher: As It Was, 2019).

Резервацијата на влезниците е бесплатна и може да се направи на овој линк преку платформата на www.karti.com.mk, но најдоцна до 12 часот на денот на проекцијата и потребно е при влегувањето таа да се покаже на мобилниот телефон или во отпечатена форма. Влезот за сите денови е од 19:30 до 20:30 часот, а, пак, проекциите започнуваат во 21 часот.

За повеќе информации околу деталитеза резервации, протоколите и мерките за превенција од КОВИД-19 за времетраењето на А1 Drive-in киното информирајте се на официјалниот настан на Фејсбук страницата на А1 Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“