16 Мај, 2024
0.0256

9 знаци дека вашиот шеф ве почитува повеќе отколку што мислите

Објавено во: Стил 16 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Спогодбата со газдата е многу важна за сечиј професионален развој. Тој е човекот кој одредува дали ќе добиете покачување на платата, дали ќе ви биде намален или да ќе останете на работа воопшто. Некои менаџери јасно го изразуваат позитивниот однос кон вработените - ги пофалуваат, им даваат детален позитивен фидбек и ги тераат да се чувствуваат како незаменлив дел од тимот и успехот на организацијата. Но кај други нештата се одвиваат поприкриено и е тешко да разберете што всушност мислат за вас. Секогаш има начин сами да иницирате разговор и да побарате оценка за својата работа. Ако сепак не сте сигурни дека ова е најдобрата идеја, проверете ги овие 9 начини на однесување, избрани од Business Insider, кои покажуваат дека вашиот менаџер ве почитува повеќе отколку што си мислите.

Шеф дефинитивно ве почитува, ако ...

... Постојано ве предизвикува. Ако се чувствувате малку поангажирани за разлика од своите колеги, не брзајте да се лутите. Шефот може да ви дава повеќе задачи отколку што е во негова моќ да преземете, бидејќи ве тестира или ве подготвува за одговорна позиција во иднина.

... Ви дава позитивен фидбек.

Ако вашиот работодавец гледа потенцијал во вас и сака да ви помогне да се развиете професионално, може да ве критикува повеќе од останатите. Звучи парадоксално, но негативната повратна врска во која ви покажува каде грешите и што да промените, е најдобар начин да се самокоригирате и да станете добри во својата работа. А најдобриот менаџер го знае тоа.

... Го почитува вашето мислење.

На крајот на денот дали некој ти се допаѓа или не нема особено значење, најважно е да има меѓусебно почитување. Ако вашиот шеф се советуав со вас по важни прашања, ве сослушува и го цени вашето мислење - тоа е сигурен знак дека за него сте значаен член на тимот и организацијата како целина.

... Не ве дарува со комплименти.

Можеби мислите дека менаџерите ги опсипуваат со комплименти и пофалби вработените кои ги ценат најмногу, но тоа е погрешно верување. Сличен тип на однос би бил непрофесионален, бидејќи добрите лидери не покажуваат пристрасност кон одделни членови на тимот, за да не создаваат непотребни тензии. Ако ви треба објективна оценка за својата работа, побарајте ја во четири очи.

... Секогаш доаѓа прво кај вас, ако има итна задача.

Тоа дека вашиот менаџер се обраќа прво кон вас, е многу ветувачко, подразбира и покажува дека вие сте човек во кој има најголема доверба во тимот.

... Ви дава повеќе одговорности отколку на вашите колеги.

Најверојатно нема да добиете награда за вработен на месецот поради тоа, но размислете дали вашиот шеф не ве подготвува за идните предизвици при евентуално покачување во работата.

... Делегира дел од неговите одговорности на вас.

Ако ваши колеги имаат тешкотии во работата и менаџерот ги испрати кај вас за помош или совет, тоа дефинитивно е знак за зголемена доверба кон вас и вашиот придонес во компанијата.

... Ги остава на вас најсериозните задачи или клиенти. Овој тип на однесување говори само по себе за односот на шефот кон вас и довербата што ви ја дава.

... Се интересира лично за вас и вашата отвореност.

Личниот интерес за вас и вашите проблеми сигнализира дека работодавачот сака да ви обезбеди удобност и пријателска атмосфера на работното место и покрај тоа да е сигурен дека нема да ве загуби како кадар поради некоја причина.