19 Декември, 2025
0.0353

ФАКТОР АНАЛИЗА: Топ-10 најголеми маркети во 2023 - во КАМ се трошело најмногу, „Веро“ со најголема профитна маржа

Објавено во: Економија 15 Мај, 2024 08:15

Добивај вести на Viber

Ланецот-маркети КАМ свртел приходи од 270 милиони евра во 2023, додека „Веропулос“ има убедливо најголема профитна маржа минатата година и тоа поголема од 10 отсто. 

Од приходи од 99,5 милиони евра, „Веро“ направил добивка од 10, 43 милиони евра и со овој профит е на врвот по најголеми добивки за минатата година.

Најмногу се трошело кај КАМ, Киппер Маркет и Стокомак, ланци познати по ниската маржа од продаден производ и дисконтска продажба. Сепак, оваа тројка има одличен резултат и кај добивките, каде го држат второто, третото и четвртото место.

Во Топ-10 најголеми добивки во малопродажбата, покрај стандардните, се најде Црвена Ружа, која има 12 маркети, главно во Струмица. Доминантен сопственик е Ванчо Манчов. Има 93 вработени и основана е во 2021. Растот на приходите е 23 отсто, а на добивката е од дури 68 проценти.

Друштво на познатите „гиганти“ им прави и Омер Компани, во сопственост на бизнисменот Муарем Беџети, а компанијата е позната по тоа што го поседува трговскиот центар во Сарај. Во најдобрите десет е и С.Б.В-Компани од Арачиново, инаку компанија-сопственик на „С-Маркетите“, а чиј газда е Беќир Ферати.

Кај трговците со најголеми приходи, речиси сите имаат распространета мрежа на продажба. Меѓу нив, локално работат само „Зур“ во Скопје и Монтенегро во Гостивар, инаку овој вториот во сопственост на браќата Јован и Љубе Пејчиноски.           А.К.



Извор; Централен регистар


Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар