„А КАДЕ БЕШЕ ИНСПЕКТОРАТОТ ДА ВИДИ КАКО ЧЛЕНОВИ НА ЕДНО СЕМЕЈСТВО СЕ ВРАБОТЕНИ НА ИСТО МЕСТО“ - Најчевска контра ДИТ во случајот Комунална хигиена
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2023
Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагира откако вчера Државниот инспекторат за труд наложи дека 32 вработени од Комунална хигиена треба да се вратат на работа, бидејќи како што рекоа оттаму, биле незаконски избркани.
„А каде беше инспекторатот да види како е можно толкав број членови на едно семејство да се вработени на исто место и како е можно толку луѓе да не одат на работа а да добиваат плата?
Мислам дека сега треба Косана Мазнева да оди на суд и да побара отповикување на инспекторската одлука.
Би свртела внимание на членот 87 од Законот за работните односи“, пишува Најчевска во својата објава на Фејсбук.
Инаку, од ДИТ навеле дека директорката Мазнева прекршила два закона кога направила список со отпуштени.
„При вршење на инспекцискиот наздор, се утврди дека работодавачот одлуките кои ги донел се спротивни на одредбите од Законот за работните односи, одредбите од Законот за јавните претпријатија, одредбите од Колективниот договор за комунални дејности на РМ и одредбите од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците во ЈП Комунална хигиена. Во врска со утврдената фактичка состојба, на работодавачот согласно член 258 од Законот за работните односи му е изречена инспекциска мерка опомена да донесе писмен акт со кој ќе ги поништи наведените одлуки и за постапувањето да го извести инспекторот“, велат од ДИТ.