01 Мај, 2024
0.0266

А КОНТРОЛА? Маж со наполнет пиштол влегол во авион на лет од Барбадос до САД

Објавено во: Свет 04 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Маж со наполнет пиштол во џебот успеал да се качи во авион на летот од Барбадос до Мајами, Флорида, објавија американските медиуми.

Патникот имал оружје во кое имало пет куршуми за време на целиот лет, кој траел четири часа, наведува мрежата NBC6.

Агентите на TSA успеале да го пронајдат пиштолот на аеродромот во Мајами. Го носел  меѓу неговите лични предмети. Мрежата не соопшти кога се случил инцидентот.

Според NBC6, патникот и признал на американската полиција дека имал оружје кога се качил во Бриџтаун, главниот град на Барбадос.

Полицијата го приведе, а судијата го обвини дека сокрил оружје, за што може да добие пет години затвор на Флорида.

Патникот рече дека не е виновен и дека мора повторно да се појави на суд во средината на декември.

Премиерката на Барбадос, Миа Мотли, во петокот рече дека побарала „итен извештај“ за настанот, ветувајќи дека лицето или лицата кои дозволиле инцидентот да се случи ќе одговараат.

„Последиците за нашата земја се тешки и огромни“, додаде таа.

Ова е голем пропуст за Соединетите држави, кои се обидуваат да ја обезбедат својата граница што е можно повеќе, особено на аеродромите, по нападите на 11 септември 2000 година.

Вашингтон бара од странските влади да ги спроведат американските безбедносни стандарди на аеродромите од кои полетуваат авионите кои летаат директно за САД.


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа