Добивај вести на Viber
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен навести дека забраната на TikTok во Европската унија останува опција за време на дискусијата вчера вечер во Мастрихт.
Фон дер Лејен додаде дека Комисијата е првата институција во светот што го забранила TikTok на корпоративните телефони во блокот. „Точно ја знаеме опасноста од TikTok“, додаде таа.
Фон дер Лајен не се појави во својство на претседател на Комисијата во Мастрихт, туку како главен кандидат на централно-десничарската Европска народна партија.
TikTok се соочува со посебна истрага - за наводни неуспеси во заштитата на малолетниците.Според Законот за дигитални услуги (DSA), Комисијата може да нареди привремена суспензија на услугата во секој случај.