Адеми им даде одмор на наставниците, ќе штеди на греење
Објавено во: Економија 25 Декември, 2018
Арбер Адеми, министерот за образование и наука, им соопшти на наставниците и другите вработени во улилиштата низ Македонија дека се ослободени од обврската да доаѓаат на работното место од 2 до 11 јануари за да не се ложи непотребно за загревање на просториите.
Адеми го испратил известувањата до сите директорите на основните и средните училишта за донесената препорака да ги ослободат од работа наставниците и другите вработени во училиштата. Инаку зимскиот распуст за учениците е предвиден да трае од 1 до 21 јануари.
– Министерството за образование и наука им препорачува на директорите на основните и средните училишта во Република Македонија, согласно надлежностите утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование, да не организираат работни активности за наставниот кадар, стручните соработници и административниот кадар, освен за техничкиот кадар кој е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштето во периодот од 2.01.2019 до 11.01.2019 година кога се користи зимскиот одмор на учениците, пишува во препораката потпишана од министерот Арбер Адеми.
Во известувањата се појаснува дека оваа препорака е заради намалување на трошоците за загревање на училиштата.