26 Април, 2024
0.0261

„Адиент“ и официјално ја отвори новата фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта во Струмица

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

„Адиент“, глобалниот лидер во областа на производство на автомобилски седишта, денес официјално го најави отворањето на својата нова фабрика за производство на навлаки за автомобилски седишта, сместена во технолошко-индустриската развојна зона во Струмица.

Новата фабрика се простира на површина од 12.500 м2 и е опремена со врвна технологија за производство на навлаки за автомобилски седишта, првично наменети за потребите на клиентите на европскиот пазар. Заедно со иницијалната инвестиција од повеќе од 20 милиони американски долари за изградба на оваа „гринфилд“ инвестиција, „Адиент“ ќе вработи повеќе од 1.300 лица, дополнително потврдувајќи ја својата силна заложба за инвестирање во македонската економија.

„Mи претставува особено задоволство што пред една година ја најавивме изградбата на нашата нова фабрика, а денес гордо стоиме пред неа ‒ една од најголемите и најмодерни фабрики за производство на автомобилски компоненти во регионот. Оваа инвестиција е уште еден јасен доказ за нашите намери да инвестираме во македонската економија и претставува уште еден важен чекор кон проширувањето на нашата производна мрежа во Европа, што, пак, дополнително ќе придонесекон обезбедување на нашите клиенти, односно автомобилските компании, со диференцирани производибазирани на квалитет, технологија и перформанси“ ‒ изјави г. Владимир Теплик, Потпретседател на операции на „Адиент“.

На официјалната церемонија за отворањето беа присутни високи владини претставници, амбасадори, претставници од институциите, како и многубројни партнери и соработници на „Адиент“. На настанот, покрај г. Теплик, се обрати и г. Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија, г. Џес Л. Бејли, амбасадор на САД во Македонија, како и г. Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, нагласувајќи ја важноста на ваквите инвестиции за македонската економија, како и за позиционирањето на Македонија на глобалната производна карта. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет