26 Април, 2024
0.0298

АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ ПО „НАВРЕДАТА“ ДЕКА СЕ КОРУМПИРАНИ - тие што работат со странки имаат претпоставени и пред нив одговараат

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Прво биле напаѓани како неработници, а сега и како корумпирани.

Административните службеници се револтирани од изјавата на премиерот Зоран Заев, кој пред неколку дена рече дека корупцијата е во пониските ешалони на власта, а не кај високите државни функционери. 

Тие сметаат дека треба да добијат лично и јавно извинување, а очекуваат и премиерот да излезе со конкретни податоци кои ќе потврдат дека административците земаат мито и не работат во интерес на граѓаните. 

„Можеби реакцијата на нашите членови ќе беше помека доколку беше посочено дека во сите ешалони на власта има корупција. А, високата корупција е во високите раководители“, рече Пеце Грујовски, претседател на УПОЗ.

Според синдикалците, ниту еден судски службеник во последните неколку години не одговарал или не бил осуден по основ на корупција, или имало само изолирани случаеви. Затоа, според нив, не е дозволиво премиер на една држава да го вперува прстот во административците, а да не гледа што се случува зад неговиот грб.

„Тие што конкретно работат со странки работат по налог на претпоставени, и одговараат пред нив. Навистина сме изненадени и очекуваме објаснување“, рече Верица Тасева, член на УПОЗ.

А, премиерот Заев пред два дена категорично тврдеше дека корупција во Владата, односно кај министрите или пак кај директорите на јавните претпријатија или на државните фирми нема. Сепак во последниов период владата ја стресоа неколку афери поврзани со корупција и злоупотреба на функцијата.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ОМИЛЕНИТЕ ПРОФЕСОРИ НА МАКЕДОНСКИТЕ АКТЕРИ ШТО СТУДИРАЛЕ ВО СОФИЈА, АЛЕКСАНДАР ИЛИЕВ: „За сите кои бевме дојдени од странство за да студираме во Софија, се грижеше како за свои деца“

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„ЗА РАЗЛИКА ОД МЕНЕ, ТИЕ ПРЕД ОЧИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНСКА ЈАВНОСТ ИЗЛЕГОА ВО АЛКОХОЛИЗИРАНА СОСТОЈБА“:Јакимовски му возврати на Муцунски заради неговиот коментар за малиот број гласови на Стевчо

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

АНДРЕЈ ПЕТРОВ:Признаваме дека ВМРО ДПМНЕ направи подобар резултат

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

ОСМАНИ ПОБЕДИ ВО БЕРЛИН И МИНХЕН, ПЕНДАРОВСКИ ВО ВАШИНГТОН, А ТЕСНА БИТКА СЕ ВОДЕЛА МЕЃУ СИЛЈАНОВСКА И ВАНКОВСКА ВО ЉУБЉАНА: Како гласаше македонската дијаспора?

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВО МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ?: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените, но ќе растат условите и за временски непогоди

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

„СДСМ КО ЕДВАЈ ДА ЧЕКАШЕ ДА ИЗГУБИ“: Колозова во нејзин стил, вели нема кој да не вади од паланкава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?